Домашна сникерс торта повкусна од оригиналот: Десерт кој ќе ја збогати вашата трпеза

Домашна сникерс торта повкусна од оригиналот: Десерт кој ќе ја збогати вашата трпеза

Кога сакате да направите нешто лесно и едноставно, а сепак вкусно и несекојдневно, тогаш одлучете се за оваа неодолива сникерс торта

Домашна сникерс торта повкусна од оригиналот: Десерт кој ќе ја збогати вашата трпеза

Напомена: Наместо следниве состојки, можете да користите и други по желба. На пример медот можете да го замените со бел шеќер или кокосовото масло да го замените со сончогледово.

Потребни состојки:
Нугат база:
  • 250 милиграми индиски ореви
  • 80 милиграми крем од кокос
  • 60 милилитри кокосово масло
  • 2 лажици мед или кафеав шеќер
  • ¼ кафена лажичка ванила
  • 165 милилитри бадемово масло
Сос од карамела:
  • 500 милиграми излупени урми
  • 125 милиграми путер од кикиритки
  • 80 милиграми крем од кокос
  • 125 милилитри кокосово масло
  • ½ лажичка сол
  • 125 милиграми сечкани несолени кикиритки
Чоколаден прелив:
  • 250 милилитри какао
  • 180 милиграми стопен какао путер
  • 60 милилитри стопено кокосово масло
  • 80 милилитри мед
Начин на подготовка:
Нугат база:

Измешајте ги сите цврсти состојки за нугат базата со миксер и соединете ги што е можно повеќе. Потоа, додајте го бадемовото млеко. Ставете ја смесата на хартија за печење која претходно ќе ја поставите на плех и рамномерно распоредете ја. Замрзнете ја на 2 часа.

Сос од карамела:

За да направите сос од карамела, урмите прелијте ги со ладна вода и оставете ги во поклопен сад околу 30 минути. Потоа исцедете ги и измешајте ги во блендер. Помешајте ги со останатите состојки од списокот сосот, освен со кикиритките. Половина од овој крем премачкајте го преку нугат слојот. Потоа, додајте ги исечканите кикиритки по врвот и малку втиснете ги во слојот. Повторно прелијте со сосот и додадете го остатокот од кикиритките. Замрзнете на 1 час.

Извадете ја тортата од фрижидер и пресечете ја на 15 правоаголни парчиња, па вратете ја назад, додека го подготвувате чоколадниот слој.

Чоколаден прелив:

Растопете го какаото во чинија со топла вода. Смешајте го заедно со маслото и путерот, а потоа додадете го и медот.

Секоја коцка премачкајте ја во чоколадниот прелив и оставете ја да се исуши на решетка од рерна под која ќе ставите хартија за печење, за да го избегнете нередот. Потоа, вашата сникерс торта е спремна за сервирање. Чувајте ја во фрижидер уште неколку дена, а пред консумирање, извадете ја да отстои на домашна температура околу 5-10 минути за малку да се стопли и карамелата да биде посочна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар