Домашна маска за подмладување на кожата чии резултати се видливи веднаш

Домашна маска за подмладување на кожата чии резултати се видливи веднаш

Оваа маска која можете брзо и едноставно да ја подготвите во вашиот дом, ќе го освежи вашиот тен и ќе предизвика да изгледате неколку години помлади. Вие не само што ќе заштедите пари, туку истовремено и ќе ги избегнете сите оние несакани последици кои можат да бидат предизвикани од кремите и козметичките препарати. Но, најважно од сè, резултатите ќе можете да ги забележите веднаш!

Домашна маска за подмладување на кожата чии резултати се видливи веднаш

Потребни состојки:
  • 200 грама спанаќ
  • 200 грама зелен кељ
  • 60 милилитри маслиново масло
  • 60 милилитри кисела павлака
Начин на подготовка и употреба:

Кратко варете ги кељот и спанаќот, а потоа процедете ги и ставете ги во блендер. Додајте им маслиново масло и киселата павлака и добро промешајте.

Нанесете ја зелената маска на чисто лице и врат. Можете да се послужите и со мала четка. За најдобар ефект, оставете ја да делува на лицето околу 8 минути. Потоа исплакнете прво со млака, а потоа и со ладна вода со цел да ги затворите порите. Маската нанесувајте ја на лицето еднаш до два пати неделно, а можете веднаш да ја подготвите смесата и за две нанесувања, бидејќи таа може слободно да стои во фрижидер недела дена.

Делување:

Главните делотворни состојки кои ѝ даваат ефект на подмладување на оваа маска се лутеинот, витаминот Е и млечната киселина. Истражувачите од Харвард тврдат дека силните антиоксиданси како лутеинот кој се наоѓа во темно зелениот зеленчук, освен очите, може да ја заштити и кожата од слободните радикали и различните оштетувања. Тие исто така тврдат и дека е многу корисно освен орално, да се нанесува лутеин и директно на кожата. Во неколку научни истражувања со користење лутеин на зрела кожа, резултатите покажале неверојатни придобивки. Еластичноста на кожата се зголемила до 68%, хидратацијата до 82%, а нивото на липиди се качило и до 63%.

Маслиновото масло е едно од античките богатства на жените кое придонесува за прекрасен и сјаен тен. Почнувајќи од старите египетски времиња, жените го користеле овој производ со цел да ја подобрат нивната убавина на природен начин. Бидејќи е природно богато со антиоксиданси и витамин Е, тоа ја олеснува елиминацијата на токсините од организмот.

Киселата павлака, како и сите ферментирани млечни производи, содржат млечна киселина, која е клучна за убавината и здравјето на кожата. Тоа настанува поради фактот што таа ѝ помага на кожата да ја задржи влажноста, природно врши пилинг и го поттикнува производството на колаген, кои видливо го зајакнуваат сврзното ткиво на кожата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар