Домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата

Кивито е овошје кое е богато со витамини А, Ц, К и Е, како и со калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк. Тоа е одлично за вашиот организам, но исто така може да има и силен ефект врз цврстината на вашата коса. Токму затоа ако сте забележале дека во последно време таа ви опаѓа, пробајте ја оваа домашна и едноставна маска од само 2 состојки.

Домашна маска од киви која има моќ да го сопре опаѓањето на косата

Потребни состојки:
  • 1 киви
  • 1 лажица ракија или квалитетна вотка
Начин на подготовка и употреба:

Излупете го кивито, пасирајте го со помош на виљушка и потоа додајте ја ракијата или вотката. Мешајте ги состојките сè додека не добиете густа смеса.

Нанесете ја смесата нежно на вашата коса и масирајте го коренот неколку минути, а потоа ставете пластична капа или кеса и оставете ја да делува 15 минути. Измијте ја косата со топла вода и благ шампон.

Можете да ја користите оваа маска еднаш, до два пати неделно и за само месец дена ќе бидете воодушевени од резултатите.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар