Домашна бајадера готова за 20 минути

Вкусна чоколадна магија која ќе ве маѓепса со вкусот, но и со брзината на приготвување

domashna-bajadera-gotova-za-20-minuti-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 9 лажици вода
  • 200 г шеќер
  • 150 г мелени ореви, бадеми или лешници
  • 250 г мелени бисквити
  • 170 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење
За глазурата:
  • 100 г чоколадо за готвење
  • Малку масло
Начин на подготовка:

Во тенџере ставете ги водата и шеќерот и загревајте на тивок оган додека шеќерот не се растопи во целост. Додадете го путерот, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека не се растопи. Кога путерот ќе биде целосно стопен, додадете ги оревите и бисквитите, а потоа мешајте додека не добиете еднаква, густа смеса.

Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото стопете го на пареа и ставете го во едниот дел од смесата. На послужавник поставете мрсна хартија за печење и префрлете ја првата половина од смесата во која додадовте чоколадо. Со рацете обликувајте ја во форма на правоаголник, а горните делови израмнете ги со нож.

Врз неа, на истиот начин додадете го и вториот дел од смесата и повторно израмнете.

Остатокот од чоколадото стопете го на пареа и додајте малку масло, па потоа прелијте со него врз бајадерата. Оставете ја бајадерата во фрижидер да се стегне, а утредента исечкајте ја на правоаголници и послужете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар