Домашен сируп кој ќе ви помогне во топењето на масните наслаги

Овој сируп можете многу лесно да го подготвите дома и да го користите како помошник во борбата против масните наслаги. Главна состојка во него е ренот. Тој е богат со витамини од Б комплексот, железо, магнезиум и фосфор. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го намалува заморот и го стимулира создавањето на добри бактерии во цревата.

Домашен сируп кој ќе ви помогне во топењето на масните наслаги

Потребни состојки:
  • 125 грама рен
  • 4 исцедени лимони
  • 3 лажици мед
  • 2 лажички цимет
  • 2 см корен од ѓумбир
Начин на подготовка:

Ставете ги ренот и ѓумбирот во блендер и само иситнете ги. Потоа додајте го сокот од лимоните и блендирајте три минути. На тоа додајте ги медот и циметот и мешајте додека се добие еднолична смеса. Ставете ја во тегла и земајте по една лажичка од неа два пати дневно пред да јадете или пред да вежбате. Користете го три недели, а потоа направете пауза.

Не заборавајте дека многу е важно што јадете во меѓувреме и да вежбате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар