Домашен ликер од рум и банани

Ликер со егзотичен вкус кој е многу лесен за подготвување

 Домашен ликер од рум и банани

Потребни состојки:
  • 2 созреани банани, излупени и исечени на крукчиња
  • 500 мл рум
  • 130 мл вода
  • 100 грама кафеав шеќер
Начин на подготовка:

1. Исечените банани ставете ги во тегла, а потоа додадете им го румот. Затворете ја убаво теглата и оставете ја три дена на темно место на собна температура. Кога ќе помине тој период процедете ја течноста, ако е потребно и повеќе пати сè додека не ги отстраните целосно бананите.

2. Ставете ги шеќерот и водата на среден оган и мешајте додека добиете сируп. Кога ќе биде готов оставете го десетина минути да се излади.

3. Додајте го сирупот во смесата од рум и банани, добро промешајте и оставете ја теглата да отстои затворена уште еден ден. Потоа ликерот е спремен за консумирање. Така може да се чува до два месеци во фрижидер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар