Докторите предупредуваат: Еве зошто детоксикацијата после празниците е опасна!

Докторите предупредуваат: Еве зошто детоксикацијата после празниците е опасна!

Детоксикација и слабеење се двата збора кои веднаш после празниците се најмногу пребарувани на Интернет, бидејќи сите сме полни со храна од претходните денови.

1-doktorite-predupreduvaat-eve-zoshto-detoksikacijata-posle-praznicite-e-opasna-www.kafepauza.mk_

Но, ако мислите дека решението е детоксикација, тогаш се лажете, предупредуваат британските доктори кои велат дека радикалните мерки никогаш не се добри за организмот. Како пример го навеле случајот на една жена од минатата година која стигнала во опасна по живот ситуација после детоксикација со бројни суплементи, односно коктели со витамин Б, корен од валеријана, сурутка, глутамин, тианин и пиење голема количина вода. Таа четириесетгодишна жена се подобрила после интензивно лекување во болница. Пред тоа ја изгубила свеста и имала халуцинации. Тестовите покажале дека имала опасно ниско ниво на сол во организмот.

Иако изгледа како корисна идеја да го исчистите организмот после претерувањето за време на празниците, тој концепт не е секогаш здрав и нема поддршка од медицинската заедница.

2-doktorite-predupreduvaat-eve-zoshto-detoksikacijata-posle-praznicite-e-opasna-www.kafepauza.mk_

„Прекумерното внесување вода како начин за ‘чистење на организмот’ се базира на погрешното верување дека на тој начин сѐ што е штетно може да ‘испари’ од организмот“, напишале докторите.

Додаваат и дека, покрај спротивните маркетиншки тврдења, билните суплементи не се без несакани дејства. Британскиот диетски сојуз додава дека целата идеја за детоксикација е всушност глупост.

„Не постојат волшебни таблети, напивки, лосиони или фластери. Телото го сочинуваат бројни органи, како кожа, бубрези и црн дроб, кои постојано го прочистуваат организмот од глава до пети“, потсетуваат докторите. „Организмот треба да биде хидриран, но преголемата количина вода може да биде подеднакво опасна како и премалата. Иако звучи предвидливо, разумната исхрана и редовната физичка активност се најдобрата стратегија за одржување на здравјето.“

Но, доколку инсистирате за детоксикација на организмот и сакате да го направите тоа на правилен начин, тогаш погледнете ја оваа брза детоксикација на организмот по завршувањето на празниците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар