Доколку вашето домашно милениче го прави ова, веднаш однесете го на ветеринар!

Како сопственици на миленичиња, нашата должност е да бидеме запознаени со различните знаци на опасност кои ни ги покажуваат нашите влакнести пријатели. Постојат знаци кои се полесни за забележување, додека пак некои се потешки. Но, еден од најсериозните индикации за болест најчесто поминува незабележано од страна на повеќето сопственици. Со препознавање на овој симптом, големи се шансите дека ќе го спасите животот на вашето куче или маче. Дали некогаш сте ги виделе тие да прават нешто слично на ова?

Доколку вашето домашно милениче го прави ова, веднаш однесете го на ветеринар!

Станува збор за однесување во кое миленичето усвојува компулсивна тенденција да ја потпира својата глава на цврст објект и да стои така подолго време. Ова се нарекува притискање на главата.

Притискањето на главата може да биде симптом за различни болести, но најчесто е показател на оштетување на нервниот систем или труење предизвикано од проблеми со црниот дроб. Тоа исто така може да биде предизвикано од тумори, повреди на мозокот, труење или мозочен удар. Токму затоа доколку вашето милениче ги покажува овие знаци, многу е важно да го однесете веднаш на ветеринар.

Исто така обидете се да правите разлика помеѓу притискањето на главата и галењето со главата, што се случува кога вашето куче или мачка сака да ви покаже љубов.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар