Едноставни трикови за совршени плетенки

Едноставни трикови за совршени плетенки

Интернетот секојдневно ни претставува најразлични туторијали поврзани со правењето фризури со плетенки. Тие се толку популарни, но едноставни што и оние кои не се вешти кога е правењето фризури во прашање, успеваат да се снајдат. Сепак, крајниот резултат најчесто не изгледа баш како оригиналот, односно, нешто недостасува за фризурата да изгледа исто како на фотографијата или видеото од кое била инспирирана. Дознајте во продолжение што никако не смеете да направите кога правите плетенки во косата доколку сакате тие да изгледаат совршено.

1-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_

Експертите, кога е косата во прашање, се согласуваат за една работа: Никако немојте да правите фризура доколку вашата коса е брзо миена. Најдобро е да почекате да поминат неколку денови за да ги создадете идеалните плетенки и бохо фризури. Тоа е, секако, поради фактот што чистата коса е свиленкава, бега и тешко е да се скроти. Доколку приликата бара да направите фризура на чиста коса, би било добро да употребите, на пример, восок, кој благо ќе ја замасти и ќе ви ја олесни работата.

2-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_

Сепак, покрај косата која не треба да биде тазе миена, важно е да обрнете внимание и на уште две важни работи:

Важно е да водите сметка за издвојувањето на прамените. Тие мора да бидат со скоро иста дебелина, за фризурата на крајот да има смисла, посебно кога е во прашање плетенката „рибја коска“.

Исто така, доколку сакате лежерна и опуштена плетенка, подобро затегнувајте ја додека ја плетите, а подоцна со помош на прстите извлечете каде што сакате и така на фризурата ќе ѝ дадете бохо ефект.

3-dokolku-sakate-sovrsheni-pletenki-zaboravete-gi-ovie-pogreshni-raboti-www.kafepauza.mk_

Направете плетенки како професионалци! Нека не ве попречува првиот неуспех, работете на рутината и брзо ќе ја совладате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар