Доколку ги прави овие работи на вашиот заеднички одмор, тогаш тој е совршеното момче за вас!

Велат дека не би требало да одите на одмор со личност со која не сте во сериозна врска, но и дека нема подобар начин да го запознаете вашиот партнер од заедничкиот одмор. Токму затоа гледајте на ова патување како тест, начин на кој можете да откриете како тој ќе се однесува кон вас доколку поминувате повеќе време заедно.

Доколку ги прави овие работи на вашиот заеднички одмор, тогаш тој е совршеното момче за вас!

1. Сите проблеми ги решава одговорно и ги презема работите во свои раце

Доколку вашиот лет се одложи, тој не започнува да паничи. Доколку се изгубите по тесните улички во непознат град, тој го претвора барањето на вистинскиот пат во вистинска авантура. Токму ова однесување покажува дека тој ќе биде полн со разбирање и дека ќе се грижи за вашата безбедност дури и кога ќе се вратите во вистинскиот свет.

2. Го трга настрана својот смартфон и лаптоп

Ова е вашето посебно заедничко време, каде што сте ослободени од било какво надворешно влијание. Одморот е ретка можност за вие да го правите она што и двајцата го сакате. Со тргнувањето на технологијата настрана, тој ви покажува дека не само што го цени времето поминато со вас, туку и вие сте единственото одвлекување на вниманието кое му е потребно.

3. Ве турка надвор од вашата удобна зона

Тој се грижи за вашиот личен раст и развој и сака да ви помогне да ја подобрите самодовербата така што ќе ви приреди забавна авантура преку која ќе се соочите со оние нешта од кои се плашите. Ова укажува дека тој се грижи за вашата добросостојба и дека се обидува да ви го покаже светот од повеќе перспективи.

4. Прифаќа да правите селфи и други смешни фотографии

Тој знае дека снимањето на овие моменти ви е важно, па токму затоа тој ги прифаќа сите идеи за фотографии со вас двајца, дури и оние најапсурдните. Исто така и тој сака да овековечи дел од вашите спомени на кои ќе може да се навраќа во иднината, така што ќе ги споделува со своите деца и внуци.

5. Се грижи за вас

Без разлика дали сте изгореле од сонцето, сте настинале или пак, сте едноставно уморни и нерасположени, можете целосно да се потпрете на него и тој ќе ги направи работите подобри. Тој ве познава толку добро, што понекогаш не морате ни да побарате нешто што ви е потребно – во истиот момент штом ќе помислите на тоа, тој веќе ви го овозможува.

6. Три збора: секс на одмор

Па, зарем треба да се каже нешто повеќе на оваа тема?

7. Работите како тим

Доволно е само да се погледнете и веќе ги знаете вашите обврски. Тој ќе се погрижи за резервацијата и изборот на хотелот, а вие ќе го организирате превозот. Тој нарачува пијалаци, а вие ги постилате пешкирите на плажата. Вие секој момент го планирате заедно и токму тоа е причината поради која знаете дека секогаш можете лесно да комуницирате на било која тема.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар