Дојди…

Дојди…

Автор: Наташа
Поднесено преку „Предложи содржинаДојди...
Дојди, дојди со мене.
Нежно склопи ги очите.
Ќе те однесам онаму каде животот е бајка.

Подај рака, допри ме.
Чувствуваш? Скокаме по облаците,
живееме во висините, во синилата.

Насмевни се,
насмевни му се на Сонцето.
Заиграј по ритамот на музиката од циркузот и циганите.

Помирисај, ослободи се.
Загази по песокот,
нареди му на океанот да всади дел од него во твојата душа.

Дојди, поверувај, не плаши се.
Дојди со мене…
Животот е само сон, дај да го сонуваме заедно.


Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар