Додавајте го овој зачин во вашиот јогурт секојдневно и ќе се изненадите од резултатите

Додавајте го овој зачин во вашиот јогурт секојдневно и ќе се изненадите од резултатите

Кимот е зачин што го има речиси во секоја кујна и најчесто се користи за разубавување на печивата и за збогатување на вкусните домашни јадења. Но, дали сте знаеле дека овој зачин може да ви помогне и да ја доведете вашата фигура до совршена линија? Луѓето кои дневно јадат по една кафена лажичка мелен ким, имаат шанси дури 3 пати побрзо да ги изгубат вишокот килограми во однос на луѓето кои се на некоја диета, но не го користат овој зачин. До ваков заклучок дошле научници од иранскиот институт за медицински науки Шахид Садуги, во рамките на едно истражување.

(1) Секој ден во јогуртот го додавале овој зачин: Ефектите се неверојатни

Студијата опфатила 88 жени со прекумерна тежина, а сите во текот на истражувањето намалиле по 500 калории дневно и ги следеле советите за здрава исхрана. Меѓутоа, половина од жените секојдневно јаделе 3 грама ким во прав, измешан со обезмастен и незасладен јогурт, додека останатите не го практикувале тоа.

По само 3 месеци, резултатите биле изненадувачки. Жените кои секојдневно во исхраната внесувале ким со јогурт, изгубиле во просек околу 1,5 килограми повеќе од жените кои не го употребувале мелениот зачин, а дури за 14 проценти им било намалено присуството на масти во телото. Жените кои не користеле ким изгубиле околу пет килограми од нивната тежина, а мастите им се намалиле за 4,9 проценти. Исто така, овој зачин помогнал да се намали и нивото на лошиот холестерол во крвта.

Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи фитосферол, соединение кои има способност да го апсорбира холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот. Затоа не двоумете се. Доколку имате ким во вашата кујна, подгответе си еден здрав и вкусен оброк, кој ќе ви помогне да ги намалите килограмите и да ја подобрите крвта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар