Додај ме за пријател

Автор: Столе
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Додај ме за пријателПогледни го мојот профил,
измами се да стиснеш „Add friend“.
Можеби не бев вреден за да ме викнеш на кафе,
ама барем однесувај се како што е во тренд.

Се знаеме девојко, не биди инат.
Знам дека од мене чекаш да направам потег,
ама мене „фраер“ ми е средно име,
едноставно не сум таков човек.

Сменив и слика за повеќе да те привлечам,
се активирав и на другите мрежи.
Немам намера на мене да те навлечам,
само сакам да ми бидеш виртуелен френд.

Па имавме нешто мајку му стара,
кликни за да знам дека осети страст.
Направи ми „Follow“ или барем прати едно „Invite to connect“,
избери си мрежа, само пушти некој глас.

Знам дека и тебе те мами тоа копче, тој линк,
би сакал да ти олеснам,
но јас нема да го направам тој клик.

Ако треба, уште долго ќе чекам тоа да се случи,
а можеби во меѓувреме и во живо ќе те сретнам.
Е тогаш нема да дојдам да ти кажам „здраво“,
Но ќе дојдам да ти признаам: да ме додадеш за френд уште чекам.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе паузаПишете ни.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. dfsfds Reply

    Pahahhahahahahahah xD

  2. 123 Reply

    ахахахаххаахахахахахаха

Остави коментар