Додадете ги на вашата листа: Здрави навики кои треба да ги воведете во 2016-та година

Доколку во 2015-та година бевте премногу зафатени и немавте време да водите здрав живот, во 2016-та тоа дефинитивно треба да го промените. Нека здравите навики оваа година станат ваш приоритет, а вистинското време да ги воведете нека биде сега! Погледнете кои здрави навики треба да станат ваш приоритет во 2016-та година.

2-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

1. Почнете да вежбате

Тргнете во теретана, на фитнес, или пак барем започнете да пешачите секојдневно, бидејќи тоа е доволно за почеток. Без разлика за какви вежби станува збор, тие се корисни, бидејќи се секојдневни и подобри од тоталната пасивност. Доколку сте предолго време пасивни, започнете со кратко пешачење или трчање, па од месец на месец забрзувајте го интензитетот на физичките вежби што ги правите.

1-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

2. Пијте смуди од зелен зеленчук

За вашиот оброк да биде поздрав, повкусен и поефикасен, додајте во него зелен зеленчук. Тоа може да биде спанаќ или кељ, кој ќе го додадете во вашата салата. Исто така правете и смуди кое би требало да стане неизоставен дел од вашата исхрана. Со оглед на тоа дека зелениот зеленчук е богат со железо и витамин А, освен во слабеењето, ќе ви помогне и во унапредување на вашето здравје.

3-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

3. Редовно одете на здравствени прегледи

Еден важен приоритет во 2016-та година, кога станува збор за вашето здравје, мора да биде редовното одење на здравствени прегледи. Едноставно, не смеете да си дозволите да бидете неодговорни и да го имате „луксузот“ да не одите на редовни прегледи. Без разлика дали имате здравствени тегоби или не, секогаш нека ве води оваа народна поговорка: „Подобро да се спречи отколку да се лечи“.

4-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4. Јадете помалку, но почесто

Обидете се оваа година да се храните правилно. Тоа значи дека би требало да имате 5 оброци дневно, кои ќе бидат помали. Со други зборови, треба да се храните помалку, но почесто. Така ќе можете на најдобар можен начин да го регулирате својот метаболизам, својата исхрана, а со самото тоа и својата тежина. Исто така, настојувајте секогаш да јадете во исто време, бидејќи тоа е уште еден одличен начин за регулирање на исхраната и здравјето.

5-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

5. Испробајте го интервалниот тренинг

Многупати до сега зборувавме за значењето и за сите благодати на интервалниот тренинг, па во 2016-та година е вистинско време и вие да го испробате. Тој е еден од најдобрите начини да ја доведете до совршенство својата фигура и со самото тоа да бидете позадоволни со себе.

6-dodadete-gi-na-vashata-lista-zdravi-naviki-koi-treba-da-gi-vovedete-vo-2016-ta-godina-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар