Добри и лоши страни на врската со помладо момче

Сподели

Во љубовта нема правила, а тоа го покажува фактот дека годините на  партнерите воопшто не прават разлика. Додека порано важело правилото дека машкото треба да е повозрасно во врската, денеска може да се констатира дека многу девојки се впуштаат во врска со помлади момци. Старосната граница не е и не треба да биде пречка во ниедна врска, меѓутоа убаво е да се знаат добрите и лошите страни во односот кога девојката е постара од момчето.

Добри и лоши страни на врската со помладо момче

Добри страни

Врската со помладо момче ù создава чувство на девојката дека и таа е помлада. Овде игра улога и сексуалната компатибилност. Машките и женските го доживуваат својот сексуален максимум во различно време, па според таа логика најсовршен спој би биле 25-годишно момче и 40-годишна жена. Тука станува збор за огромна количина на сексуална енергија.

Младите момци се подиви и поголеми авантуристи, додека постарите девојки имаат повеќе животно искуство и се позрели. Секогаш е забавно да се впуштите во ваква авантура. Тука нормално влегуваат во комбинација и моќта и финансиите на постариот партнер.

Лоши страни

Недостатокот на искуство може да биде благослов, но и проклетство. Од една страна, помладиот партнер е слободен кога станува збор за бивша сопруга и деца од претходен брак, што не мора да значи дека е исто и со постарата сопатничка.

Исто така, може да завршите и со „детиште“ на кое сè уште му се лумпува и му се играат видеоигри по цел ден. Неретко се случува на девојката во ваков случај да ù биде преку глава да изигрува улога на родител и постојано да биде мудра и одличен советник. Кога ќе сфати дека е ставена во улога на мајка, страста веднаш ќе исчезне.

Најголем проблем се провокациите и коментарите од пријателите и семејството на девојката, кои иако можат да бидат на шала, сепак лошо влијаат врз помладиот партнер. Секако мора да се додаде и дека можат да настанат компликации кога едниот партнер сака да има деца, а на другиот или му е прерано или прекасно.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар