До сите оние со големи срца и уште поголеми емоции: Не извинувајте се за вашата љубов!

До сите оние со големи срца и уште поголеми емоции: Не извинувајте се за вашата љубов!

До луѓето со големи срца, што можат да зборуваат со нивните раце и изгледаат како да не можат да ги задржат во себе возбудата или ентузијазмот. До луѓето што ги чувствуваат нештата толку длабоко, што не би знаеле ни од каде да почнат за да се однесуваат рамнодушно. Никогаш не извинувајте се за тоа колку се грижите! Никогаш не мислете дека грешите поради личноста која сте.

До сите оние со големи срца и уште поголеми емоции: Не извинувајте се за вашата љубов!

Дали знаете колку е полесно да создадете надворешна школка и колку голем број луѓе наоѓаат заштита во криењето? Некои градат толку високи ѕидови, што никогаш нема да успеат целосно да ги скршат. Но вие не го правите тоа. Вие љубите дури и кога другите ви велат дека е прегласно. Вие љубите дури и кога луѓето ве охрабруваат да се заштитите повеќе, да не се предадете целосно.

Па што ако сакате толку страсно и без размислување? Од кога тоа станало нешто лошо? Нешто од што треба да се срамите или да го криете? Постои магија кај вас, го знаевте ли тоа? Вие сте го виделе најлошото во луѓето и ситуации, но сепак сте наоѓале златна средина. Вие сте оптимист, дури и кога светот ве турка кон песимизмот. Во вас постои војник што маршира во ритамот на вашето срцебиење и постојано се движи напред, постојано верува.

Ова е за сите љубовници и сонувачи. За сите оние што веруваат дека романсата е мртва. Направете му услуга на целиот свет и продолжете да љубите со вашето големо срце. Продолжете да го покажувате на сите, без маски, бидејќи тоа го обликува вашето постоење. Во свет што е толку опседнат со одржување моќ, со ситничавост, со апатичност, секогаш требаат повеќе луѓе како вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар