До сите оние кои имаат тежок почеток на 2018 година: Не сте сами!

Пристигна новата година, но постојат многу луѓе кои не ја започнаа со насмевка на лицето. Додека целиот свет се движи напред и многумина зборуваат за она што ги инспирирало да се сменат, вие се чувствувате како прегазени од воз. Не доживеавте „еурека“ и сѐ уште не ви е јасно зошто сте морале да поминете низ сите тие проблеми минатата година кои ве следат и оваа година. На вашето страдање му нема крај.

До сите оние кои имаат тежок почеток на 2018 година: Не сте сами!

Сигурно сте имале моменти кога ви било толку тешко што сте се изненадиле од целата ситуација. Сте се запрашале „Зар е можно да ми биде олку тешко?! Дали моите чувства се реални?“ Потоа на сцена настапува гневот, болката и на крај прашањето за кое нема одговор: Зошто?

Зошто?

Се погледнувате во огледало, размислувате за целата ситуација по којзнае кој пат и се прашувате зошто. Зошто мораше да ви се случи тоа вам? Зошто мора да се чувствувате толку лошо? Каде сте згрешиле? Зошто не сте дел од оние луѓе на кои им е судено да доживеат среќен крај? Не ги слушајте луѓето кои само филозофираат и тврдат дека не треба да си поставувате прашања туку само да продолжите понатаму. Ниту една позитивна афирмација нема да ви помогне кога единственото нешто што го чувствувате е болка.

Тоа не значи дека се жалите или дека не сте благодарни. Не сте заборавиле на убавината на малите нешта. Сѐ уште работите напорно, но едноставно не сте дел од оние луѓе кои очајно се обидуваат да функционираат нормално во светот и покрај сите проблеми.

Животот понекогаш знае да биде навистина тежок. Може да ве повредува, да ви буди сомнежи и да ја „подгрева“ вашата лутина многу долго време. Но, додека се обидувате да заздравите и да се справите со ситуацијата во која се наоѓате моментално, немојте да мислите дека само вие се соочувате со предизвици.

Немојте да ги разгледувате туѓите Инстаграм профили, да превртувате очи и да мислите дека не е фер тоа што не сте таму каде што треба да бидете. Никој не го негира вашето страдање, бидејќи само вие можете да ја измерите вистинската тежина на вашата болка, но барем обидете се да најдете едно нешто што ќе ве мотивира оваа година.

Чекор по чекор, малку по малку, намалувајте ја болката, бидејќи кога страдаме, сѐ ни се чини 1.000% поголемо одошто навистина е. Не заборавајте да дишете! Колку и да ви е тешко, не заборавајте дека ден по ден болката полека ќе се намалува. Не заборавајте дека не сте сами!

Доколку се пронајдовте во текстот, време е да преземете нешто во врска со тоа! Прочитајте зошто 2018 година ќе ви го смени животот само ако вие решите да го сторите тоа.


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар