До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

Сите сме активни на социјалните мрежи и знаеме дека вежбањето е добро за здравјето. Но, никој не сака да биде преплавен со објави директно од салата за вежбање. Супер е тоа што вежбате и сте одбрале здрав начин на живот, но не мора го покажувате тоа во секоја можна прилика. Ова се 11-те работи кои никој не сака да ги гледа постојано на Фејсбук, Инстаграм или Снепчет…

До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

1. Испотени селфиња направени по вежбањето

Во ред е, јасно ни е, сте вежбале многу. Тоа нема да ги натера да се помрднат оние кои го поминуваат денот лежејќи на каучот.

2. „Здрава“ брза храна

Смесата од блендирани замрзнати банани не е сладолед. Таа чудна кремаста смеса никогаш нема да стане сладолед, затоа престанете да се преправате дека ќе се случи тоа и да нѐ убедувате останатите во истото.

3. Фотографии од вашите мускули

Навистина е за почит тоа што сте решиле да се грижите за вашето физичко здравје и да ја одржувате вашата фигура. Но, доколку објавувате фотографии на кои ја подигнувате маицата за да ги покажете вашите „плочки“ на стомакот пред огледало, веднаш престанете, бидејќи никој не мора да го гледа тоа.

До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

4. Инспиративни цитати за вежбање

Инспиративните цитати за мотивација се во ред во поголемиот дел од случаите, но тука не станува збор за нив. Инспиративните цитати за вежбање осудуваат и мора да признаеме дека се по малку глупави. Изреките од типот „Потта е солзата на маснотиите“ и „Нема да го добиете задникот од вашите соништа со тоа што ќе седите на него“ се навредувачки и непотребни.

5. Фотографии од тоа колку километри сте истрчале

Сте истрчале 20 километри за рекордно време. Честитки, но на повеќето ваши следбеници и пријатели на Фејсбук не им е гајле за тоа. А и таквите фотографии не се нешто посебно привлечни. Но, фотографиите од крофни на пример, се секогаш добредојдени.

6. Лоши зборови за други луѓе

Никому не му е грижа што жената која ја користела лентата за трчање пред вас не ја избришала според вашите стандарди или што не ви се допаѓа нечија облека за вежбање. Задржете си ги тие жалби за себе.

До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

7. Скромно фалење

Статусите од типот „Многу бев уморен/на после работа, но сепак успеав да стигнам до салата за вежбање пред да затвори“ придружени со иритирачки хаштагови, се чист пример за скромно фалење. Директното фалење навистина нервира, но скромното фалење е многу полошо. Ако имате потреба да се пофалите на социјалните мрежи за вашата посветеност на вежбањето, подобро е да го направите тоа директно.

8. Детали за вашата исхрана

Супер е тоа што претпочитате здрава исхрана, но не мора да го споделувате секој ваш здрав оброк. Со други зборови, храната што ја јадете е здодевна.

9. Фотографии од тоа како вежбате заедно со саканата личност

Се сакате толку многу што имате еден куп заеднички интереси меѓу кои и вежбањето. Толку многу сте блиски што никаде не одите еден без друг. Во ред, супер, сфативме, продолжете така само не мора да нѐ известувате за тоа.

До сите љубители на вежбањето: Престанете да ги објавувате овие 11 работи на социјалните мрежи!

10. Повреди од вежбањето

Буквално никој не сака додека ги прелистува објавите на Инстаграм за време на слободното време случајно да налета на некоја ваша отворена рана што сте ја добиле за време на вежбањето.

11. Видеа од тоа како правите клекнувања или други вежби

Свесни сме дека клекнувањата и склековите се корисни и супер е тоа што можете да ги направите во толкав број, ама навистина не мора да ни го покажувате вашиот задник. Има и деца на Фејсбук!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар