До сите девојки: 6 места на машкото тело кои копнеат по вашите бакнежи

Бакнежите не се наменети само за усните. Постојат многу ерогени зони на машкото тело на кои треба да им посветите внимание. Лесно е да се занемарат овие места, бидејќи сите секогаш сакаат веднаш да преминат на главното. Но, обидете се еднаш да не брзате и да потрошите малку повеќе време за да направите целото негово тело да затрепери од возбуда. Мажите вистински ќе уживаат доколку ги бакнувате на следниве 6 места од нивното тело…

До сите девојки: 6 места на машкото тело кои копнеат по вашите бакнежи

1. Ушите

Бакнежите на ушите предизвикуваат огромно задоволство. Можеби не сте знаеле, но тие се сметаат за втората најчувствителна ерогена зона кај мажите по тестисите. Слободно играјте си со нив!

2. Брадавиците

Не срамете се да им обрнете внимание. Брадавиците обично се поврзуваат со жените, но тие претставуваат силна ерогена зона и за мажите. Исто како кај жените, нивната чувствителност може да варира, така што ќе треба да откриете дали тоа му се допаѓа и на вашиот партнер. Но, не ја отфрлајте таа можност без да се обидете!

3. Вратот

Сигурно досега сте го бакнувале вратот на вашиот партнер, така што ова и не е некое големо изненадување, но добро е за загревање на работите. Нежните бакнежи на вратот ќе му ја зголемат циркулацијата на крвта, а вам токму тоа и ви треба.

До сите девојки: 6 места на машкото тело кои копнеат по вашите бакнежи

4. ’Рбетот

’Рбетот е многу чувствителен на допир, така што ќе треба да бидете многу внимателни. Целото негово тело ќе затрепери доколку нежно поминете со прстите или со усните низ ’рбетот. Долниот дел од грбот е исто така многу чувствителен, па слободно задржете се таму подолго време.

5. Срамната коска

Поточно, областа околу неговиот пенис. Доколку си играте со усните на ова место, но не го допрете пенисот, тоа ќе му предизвика дополнително чувство на возбуда и неизвесност што потоа ќе доведе до огромно задоволство.

6. Внатрешниот дел од бутовите

Бакнежите во овој дел залажуваат и стимулираат истовремено. Играјте си со внатрешниот дел од неговите бутови на сличен начин како со срамната коска. Вашиот партнер ќе се најде во малку ранлива позиција, но тоа е една од убавините на сексот и предиграта.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар