Дневен потсетник што вреди да се прочита: Љубовта може да се случи насекаде!

Дневен потсетник што вреди да се прочита: Љубовта може да се случи насекаде!

Денес навистина е тешко да се најде време за потрага по „вистинскиот“. Нема многу време за излегување на љубовни состаноци покрај сите работни обврски, кафињата и вечерите со пријателите, вежбањето и посветувањето време на себе. Но, добро е тоа што совршениот партнер за вас може да се појави од каде било!

Дневен потсетник што вреди да се прочита: Љубовта може да се случи насекаде!

Ако сте дел од оние девојки кои уживаат во маратонското јадење пица по долгиот напорен ден, но и во длабоките разговори и дебати, вам ви треба човек кој ќе го разбере тоа. Ви треба некој кој ќе го цени целото ваше битие. Ви треба партнер кој ќе може да одржи рамнотежа помеѓу сите ваши хобија, активности и друштвени обврски. Доколку барате вечна љубов, треба да го најдете вистинскиот човек кој ќе ви го овозможи тоа.

Сакате да чуете добри вести? Не сме во 1950-тите. Не мора да се дотерате и да одите на некој свечен настан за да запознаете пристоен маж. Во денешно време, зафатените девојки можат да сретнат секакви мажи на кое било место и во кое било време. Вистината е дека љубовта што ја заслужувате можеби ве чека веднаш зад аголот секој ден во различно време.

Можеби ќе запознаете некого во супермаркет дента кога конечно ќе решите да одвоите време за пазарење. Можеби ќе запознаете некого во чекалната додека чекате за вашиот стоматолошки преглед. Можеби ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот благодарение на некоја од социјалните мрежи.

Вашите сомнежи се сосема нормални, бидејќи одите во супермаркет веќе со години и сѐ уште не сте налетале на вашиот маж од соништата. Но, не се обесхрабрувајте! Вашата независност ви помогнала да станете целосна личност, а тоа е многу поважно од која било љубовна врска. Најдобриот начин да запознаете човек кој ве заслужува е да бидете свои секој ден и да продолжите да го правите она што најдобро го знаете.

Продолжете да одите во она кафуле што го обожувате и не се откажувајте од вашите мали задоволства. Продолжете да го посетувате барот каде што се чувствувате како дома. Бидете свои секој момент од денот и порано или подоцна ќе се појави вистинската личност за вас и ќе го надополни вашиот веќе неверојатен живот.

Некое обично вторнично попладне можеби ќе забележите симпатично момче со мустаќи од пена во вашето омилено кафуле. Ќе му понудите салфета и средбата на погледите ќе ги разигра пеперутките во вашиот стомак. Можеби ќе започнете ненадеен разговор со симпатичниот дечко кој случајно седнал до вас на шанкот. Ќе почувствувате посебна искра кога ќе ја завртите главата и ќе го погледнете мажот со кого совршено си одговарате. Никогаш не можете да знаете што ќе се случи!

Што и да правите, не прифаќајте помалку од она што го заслужувате. Верувајте дека ќе најдете човек кој е исто толку паметен, способен и прекрасен колку и вие.

Погледнете ги и овие 6 знаци дека наскоро ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот (според законот за привлекување).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар