Џејми Оливер ве мотивира да готвите и да се храните здраво

Џејми Оливер ве мотивира да готвите и да се храните здраво

Џејми Оливер е најпознатиот готвач во светот, а тоа свое влијание го користи за да ги смени нездравите навики во исхраната на луѓето. Тој си има своја посебна филозофија кога е храната во прашање. Таа следува во целост во продолжение, а целта ѝ е да ве мотивира и вие да почнете сами да си приготвувате здрави оброци и да се храните поздраво.

Џејми Оливер ве мотивира да готвите и да се храните здраво

„Мојата филозофија за храната отсекогаш се состоела во тоа да се ужива во сè на балансиран и здрав начин. Храната е една од најголемите радости во животот, а ние стигнавме до ова навистина тажно ниво кога ја претворивме во наш непријател и во нешто од кое треба да се плашиме. Јас верувам дека ако користиме добри состојки за да направиме тестенини, салати, чорби, плескавици, печен зеленчук, овошни салати, па дури и неверојатни торти, сите тие имаат свое место во нашата исхрана. Треба само да го примениме здравиот разум: ако сакате да се најадете со макарони и сирење одвреме-навреме, тоа е во ред! Само тоа нека биде во разумна количина заедно со свежа салата и немојте да изедете големо парче чоколадна торта после тоа.

Ако знаете да готвите ќе можете сите видови свежи состојки да ги претворите во оброк додека им трае сезоната, додека се најдобри за јадење и се најевтини! Готвењето на ваков начин секогаш е поевтино од купувањето на веќе приготвена храна, а да не спомнувам дека е и подобро за вас. А затоа што ќе готвите повеќе видови храна, со текот на времето ќе почнете да го наоѓате и разумниот баланс. Некогаш ќе посакате нешто лесно и свежо, а друг ден нешто топло и слатко. Ако сакате ужинка помеѓу оброците, каснете нешто здраво наместо чипс и чоколадо. Во основа, сè додека слатките задоволства ги сфаќаме како слатки задоволства,  а не како нешто секојдневно, тогаш сме на прав пат. Кога зборувам за ‘здрав’ приод кон храната и за поздрава исхрана, зборувам за постигнување на тој баланс во исхраната: многу квалитетна храна, многу разновидност, и препуштање на слатки задоволства одвреме-навреме.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар