Дизајнирајте визит карта со помош на психологијата

Кога дизајнирате визит карта, изборот на естетските елементи има многу поголемо влијание од едноставно разубавување на самата картичка. На пример, просторот помеѓу зборовите и боите можат да привлечат позитивно внимание кон вашиот бренд доколку знаете како правилно да ги искористите.

Дизајнирајте визит карта со помош на психологијата

Простор

Внимавајте на просторот помеѓу буквите, зборовите и помеѓу редовите. Соодветниот празен простор му овозможува на читателот побрзо да ги обработува информациите.

Совет: Погрижете се висината на празниот простор помеѓу редовите да биде поголема од висината на буквите.

Типографија

Одлучете дали сакате да употребувате sans-serif или serif фонтови. Sans-serif обично се употребува за заглавја, додека пак другиот вид се поефикасни за останатиот текст.

Совет: Не правете комбинација од различни фонтови од ист тип (на пример, Verdana + Tahoma) во текстот бидејќи ќе остави непрофесионален впечаток.

Избор на фонт

Верувајте, изборот на фонтот игра огромна улога. Секој фонт има посебна улога и пренесува различно значење. Некои фонтови на пример, се посоодветни за визит карта од областа на бизнис со чоколади и други видови слатки, додека пак истиот тој фонт воопшто не би изгледал добро на визит карта за личност која е вработена во банка.

Совет: Со фонтот што ќе го одберете, искуцајте ги зборовите кои сметате дека го опишуваат. Ако изгледа како да се совпаѓаат со карактерот на фонтот, тогаш отприлика ќе знаете какво влијание ќе има врз оние кои го читаат.

Празен простор

Празниот простор е еден од клучните елементи при дизајнирање на визит картата. Ако имате премногу информации и премалку празен простор, читателот нема да знае на каде да се насочи и да го идентификува она што е најважно…

Совет: Оставањето повеќе празен простор се смета за софистицираност, додека пак визит карта која е пренатрупана со текст може да делува евтино. Употребете многу празен простор за да го истакнете дизајнот на визи картата и да им овозможите на луѓето веднаш да ги лоцираат најважните информации на неа.

Бои

Боите можат да ја истакнат вашата визит карта, но исто така можат да пренесат и скриена, емоционална порака. На пример, црвената боја се интерпретира како љубов, енергија и опасност. Жолтата како интелигенција, внимателност и плашливост. А сината пак, како смиреност, самодоверба и искреност.

Совет: И покрај тоа што одредени бои сугерираат одредени значења, сепак тоа не значи дека во вашиот случај не можете да го смените значењето на бојата што ќе ја одберете. Размислете зошто ви се допаѓаат одредени бои и какво значење би можеле да имаат тие за читателите.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар