Диета за мрзливи девојки: 5 сјајни трикови со чија помош лесно ќе изгубите килограми

Процесот на губење килограми не се случува преку ноќ, а премногу строгите диети се причина поради која поголемиот дел од луѓето се откажуваат од својата цел. Доколку сакате да ослабете, најпрво треба да го стартувате вашето тело. Најдобар и најбрз начин за тоа е пешачењето, барем 15 минути дневно. Но, исто така е важно да направите и промени во секојдневните навики и исхраната. Сепак, тоа не значи дека морате да се откажете од слатките и омилената храна.

1-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_

1. Трпението е доблест!

Чувството на глад може да се „убие“ на различни начини, а еден од нив е да забавите и да се опуштите додека јадете. Колку побрзо јадете, толку побрзо ќе почувствувате повторно глад. Јадете залак по залак, темелно џвакајте и на тој начин многу побрзо ќе станете сити. Присилете се после секој залак да го оставате приборот за јадење сè додека храната целосно не исчезне од вашата усна шуплина.

2. Сити, а не полни!

За да останете фит или да изгубите килограми не морате да го жртвувате омилениот десерт или јадење туку да ја намалите количината, а потоа да ја наполните чинијата. Најлесен пат до посакуваната тежина е количината. Обидете се да ја намалите порцијата и да престанете со јадењето веднаш што почувствувате дека сте го убиле гладот. Експертите сметаат дека нема да се здебелите од храната која ја јадете туку од количината што ќе ја изедете.

3. Ситни измами за желудникот!

Најстариот трик со кој секое јадење ќе го преполовите е предјадењето. Односно, супа или салата пред јадењето е чудотворно оружје кое ќе ве спаси од прејадување. Пред да навалите на омиленото јадење, изедете полна чинија супа или свежа салата, а потоа јадете го главниот оброк. Предјадењето добро ќе ве заштити и ќе изедете барем една третина помалку од храната.

2-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_

4. Леб, десерт или пијалак?

Храната од која најмногу се дебелееме е преполна со разни калории кои ги обожаваме. Главните виновници се лебот, слатките и пијалаците кои содржат поголема количина шеќер. Но, тоа не значи дека треба да ги исфрлите сите три пороци, туку да одберете само една од нив. Затоа, ако посегнете по парче леб, прескокнете го десертот и напијте се вода.

5. Нема прескокнување оброци!

Најлошата работа што можете да ја направите е да го прескокнете оброкот. Дури тогаш ќе почувствувате силен глад и потреба за храна што ќе ве натера во текот на следниот оброк да претерате со јадење.

3-dieta-za-mrzlivi-devojki-5-sjajni-trikovi-so-chija-pomosh-lesno-kje-izgubite-kilogrami-www.kafepazua.mk_


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар