Диета со кисело млеко: Ослабете 5 килограми за 10 дена

Диета со кисело млеко: Ослабете 5 килограми за 10 дена

Некои диети можат да бидат навистина тешки, но од друга страна секогаш постојат и полесни кои исто така даваат одлични резултати. Па, доколку сте љубители на киселото млеко, оваа диета брзо ќе ви стане омилена. Со неа за само 10 дена можете да изгубите 5, 6 килограми без притоа да се ограничувате многу во исхраната. Но, бидејќи станува збор за рестриктивна диета, вие не би требало да ја практикувате повеќе од 14 денови.

Диета со кисело млеко: Ослабете 5 килограми за 10 дена

За оваа диета ќе ви биде потребно:

  • Природно кисело млеко – 500 грама дневно
  • Овошје – до 300 грама дневно (избегнувајте грозје, диња и лубеница поради високите количини шеќер кои ги содржат)
  • Месо – до 100 грама дневно (пилешко и мисиркино, со отстранета кожа и маснотии, како и риба)
  • Зеленчук (плодови) – до 300 грама дневно (патлиџани, краставици, пиперки…)
  • Зеленчук (лиснат) – до 300 грама дневно (зелена салата, кељ, рукола…)

Едноставно дневно мени:

Имајте на ум дека количината кисело млеко која ќе ја користите во секој рецепт зависи од вас. Важно е да изедете 500 грама кисело млеко дневно, распоредено низ сите оброци.

Појадок
  • Желе од кисело млеко и малини
  • Шолја зелен чај и чаша чист сок од портокал
Ручек
  • Топол билен чај
  • Ладна супа направена од кисело млеко и краставици исечкани на ситни парчиња
  • 100 грама варено месо
  • Салата од краставица, патлиџани и билни зачини
  • Чаша топла лимонада (без шеќер)
Попладневна ужина
  • Патлиџан со кисело млеко
  • По вкус, во киселото млеко додајте малку сенф и сол и во блендер измешајте ги
Вечера
  • Шолја топол билен чај
  • Парена боранија со кисело млеко
  • Чаша топла лимонада (без шеќер)

Изборот на дозволената храна е прилично широк, па токму затоа и нема да ви биде толку тешко 10-тина дена да избегнувате производи како житарки и слатки. Секако, не заборавајте на физичката активност. Секој ден одвојте барем 30 минути за вежбање или ако ништо друго, за пешачење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар