Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

Честопати мажите измислуваат еден куп изговори од типот: „Многу сум зафатен деновиве“, „Само што прекинав долгогодишна врска и не сум спремен за нова“, „Сакам да се посветам на кариерата периодов“ и слично. Тие попрво би скокнале од 12-ти кат отколку да кажат: „Не сум заинтересиран за тебе“. Престанете да го оправдувате вашиот партнер. Неговите дела зборуваат погласно од неговите зборови и ако тој почнал да ве игнорира и одбегнува да се гледа со вас, постои само една единствена вистина: Не му се допаѓате. Престанете да ги правите изговори и соочете се со следниве 10 вистини за да можете да пронајдете вистинска среќа во љубовта…

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

1. Не ве вика да излезете

Вистина:

Ако навистина му се допаѓате, ќе ве викне да излезете што е можно побрзо.

Изговори:
  • „Можеби не сака да го уништи нашето пријателство.“ Немојте да мислите дека тој е исплашен. Единственото нешто од што тој се плаши е да ви каже дека не му се допаѓате.
  • „Нема доволно самодоверба за да го направи првиот чекор.“ Не го провоцирајте директно за да ве покани да излезете. Мажите не се глупави и ќе знаат дека сте заинтересирани за нив ако им подарите обична насмевка и заводлив поглед.
  • „Можеби не сака да брза.“ Доколку навистина му се допаѓате, но постојат некои лични причини зошто не сака да избрзува, тој веднаш ќе ви го каже тоа. Тој не би сакал да ве разочара.
  • „Ми го даде телефонскиот број.“ Немојте тоа да ве излаже да го направите првиот чекор. Ако навистина му се допаѓате, тој ќе го направи првиот потег.
  • „Можеби ме заборавил.“ Само опуштено. Веќе сте му оставиле впечаток. Ако тој впечаток е позитивен нема ниту земјотрес ниту победата на неговиот омилен фудбалски тим да го натера да ве заборави.
Запаметете:
  • Мажите не размислуваат за тоа дека љубовта може да го уништи пријателството.
  • Никогаш не го поканувајте вие да излезете. Ако му се допаѓате, ќе ве викне сам,
  • Ако вие имате мобилен и тој има мобилен. Доколку тој сака да ве најде, ќе ве најде.
  • Реченицата „Ајде да се најдеме после во дискотека“ не се смета како покана за љубовен состанок.

2. Не ви се јавува

Вистина:

Мажите знаат како да користат телефон.

Изговори:
  • „Многу патува.“ Постои Вајбер.
  • „Преоптоварен е со други проблеми.“ Треба да се запрашате: „Дали е нормално тој да заборави да ми се јави?“. Не, не е нормално.
  • „Едноставно кажува работи што не ги мисли.“ Проблемот е што мажите попрво ќе го кажат она што девојките сакаат да го чујат, отколку да не кажат ништо. Доколку тој не ви се јавува иако ви ветил дека ќе се јави, не вреди да трошите време за него.
  • „Многу е зафатен.“ Ова можеби делува како изговор што држи вода, но ако погледнете под површината ќе видите дека тој едноставно не сака да ви се јави.
Запаметете:
  • Ако не ви се јавува, тоа значи дека тој не мисли на вас.
  • Доколку сега не ги исполнува неговите ветувања, тоа ќе продолжи и понатаму, само за поважни работи.
  • Заслужувате еден обичен телефонски повик.

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

3. Не ја сфаќа сериозно вашата врска

Вистина:

„Мувањето“ не е врска.

Изговори:
  • „Само што поминал низ болно раскинување.“ Не постои такво нешто како духови од минатото.
  • „Сепак се гледаме често.“ Мажите исто како и жените сакаат да ги заштитат нивните емоции кога врската ќе стане сериозна. Но, ако навистина му се допаѓате, тој нема да дозволи да ве дели со други мажи, ниту пак ќе има потреба од други жени.
  • „Подобро тоа отколку ништо.“ Не ви треба маж со кој ќе се гледате еднаш на две недели или еднаш месечно само за да добиете малку љубов и внимание. Заслужувате повеќе од тоа.
Запаметете:
  • „Не сум подготвен за сериозна врска“ значи „Не сум подготвен за сериозна врска со тебе“.
  • Доколку не ви е јасно на што сте, во ред е да разговарате и да го прашате. Не плашете се дали ќе го избркате.
  • Постои маж што ќе сака целиот свет да знае дека сте заедно. Престанете да се глупирате и најдете го.

4. Не сака да има секс со вас

Вистина:

Кога маж е заинтересиран за жена, тој ќе сака да ја допре. Без исклучок.

Изговори:
  • „Се плаши да биде повреден.“ Да, се плаши, ама од тоа дека ќе ги повреди вашите чувства.
  • „Толку му се допаѓам што не сака да делува премногу загреан.“ Многу луѓе биле повредени во минатото и навистина се плашат од сериозни врски и интимност. Ама ако тој е навистина заинтересиран, ништо нема да го сопре да биде со вас.
Запаметете:
  • Тој ви ја кажува вистината, само треба да му поверувате. Кога тој ви вели дека моногамијата не е за него, нема причина зошто да не му верувате.
  • Потешко ќе ви биде да ја најдете изгубената самодоверба отколку нов партнер. Паметно бирајте ги вашите приоритети.

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

5. Спие со други жени

Вистина:

Нема изговор што ќе го оправда ова.

Изговори:
  • „Неговиот сексуален апетит е поголем од мојот.“ Постојат толку многу начини за да се реши овој проблем. Изневерувањето не е еден од нив.
  • „Можам да разберам зошто го направи тоа со поранешната девојка.“ Не можете да го обвинувате за тоа што сѐ уште има чувства за поранешната девојка, но тоа не значи дека тој мора да го покажува тоа на сметка на вашите чувства.
Запаметете:
  • Не постои изговор што го оправдува изневерувањето. Повторете си го ова неколку пати.
  • Изневерување си е изневерување. Не е важно со кого било и колку пати.

6. Сака да ве види само кога е пијан

Вистина:

Ако му се допаѓате, тој ќе сака да ве види кога неговиот ум нема да биде поматен од алкохолот.

Изговори:
  • „Пијаниот човек секогаш ја зборува вистината.“ Тој ви кажува дека ве сака секогаш кога е под дејство на алкохол и вие се топите како сладолед. Не заборавајте дека пијаниот човек сите ги сака.
  • „Барем нема лошо пијанство.“ Тоа што не прави „осмици“ додека оди и не повраќа не значи дека треба да ве бара само тогаш кога ќе се опијани.
Запаметете:
  • Неговите зборови немаат никакво значење доколку не се кажани на трезно.
  • Заслужувате човек кому нема да му треба да се опијани за да ужива во ваше друштво.

7. Не сака да се ожени со вас

Вистина:

Секој маж кој сега тврди дека не верува во брак, ќе се ожени еден ден, само не со вас.

Ниту еден изговор што можете да го смислите моментално не е доволно добар.

Запаметете:
  • Доколку имате различни погледи во однос на бракот, за што друго не се согласувате?
  • Постои маж кој без размислување ќе се ожени со вас.

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

8. Ви раскинува

Вистина:

Вљубениот маж никогаш нема да раскине со неговата сакана.

Изговори:
  • „Сѐ уште му недостасувам.“ И треба да му недостасувате, но сепак тоа не го побива фактот што тој раскинал со вас.
  • „Сѐ уште сме многу блиски.“ Тоа што имате секс повремено нема да ви ја спаси врската.
  • „Сака пак да се смириме.“ Мажите го прават следново: По раскинувањето почнуваат да бараат нешто подобро и кога нема да го најдат, стануваат осамени и решаваат да се вратат „дома“. Тој едноставно не сака да биде осамен.
  • „Знам дека уште ме сака и нема да го прифатам раскинувањето.“ Секој ваш очаен обид да го вратите назад ќе предизвика тој да си помисли: „Што ли сум гледал во оваа психотична жена?“.
Запаметете:
  • Нема да можете со разговор да го премислите и да го поништите раскинувањето. Раскинувањето е дефинитивна одлука, а не тема за дискусија.
  • Сексот по раскинувањето не значи дека раскинувањето не е конечно.
  • Постои човек кому ќе му биде многу драго што не сте се смириле со поранешниот партнер.

9. Тој исчезнал одеднаш

Вистина:

Јасно е дека толку е незаинтересиран за вас, што не се погрижил ниту да ви го каже тоа отворено.

Изговори:
  • „Ќе му пишам само за да му се изнавикам за последен пат.“ Можеби мислите дека на тој начин нема да му дозволите да се извлече туку-така, но верувајте дека што и да кажете нема да му биде ништо ново. Имате попаметни работи од тоа.
  • „Само сакам да знам зошто.“ Секако дека заслужувате да знаете што се случило. И сега ќе дознаете: Сте се гледале со најлошиот дечко на светот.
Запаметете:
  • Можеби навистина лежи во болница со амнезија, но веројатноста е дека не е заинтересиран за вас.
  • Тоа што нема одговор е одговорот што ви треба.
  • Не му давајте можност да ве отфрли уште еднаш.
  • Нема никаква мистерија во неговото исчезнување: Едноставно го снемало затоа што не е доволно заинтересиран за вас.

10. Се однесува арогантно и некултурно

Вистина:

Ако навистина ве сака, ќе направи сѐ за да бидете среќни.

Изговори:
  • „Така е воспитан.“ Не мора да имате исти интереси, но треба да ги почитува вашите желби и потреби.
  • „Ќе се смени.“ Лошото однесување не е привремено. Луѓето кои викаат се луѓе кои имаат проблеми со справување на гневот и треба да побараат помош. Не очекувајте дека ќе се смени од нигде никаде.
  • „Најважно е што ме сака.“ Зошто би сакале да бидете со некој кој ве навредува само за да си го наполни сопственото его? Што ако се однесува убаво со вас кога сте сами, ако не го прави тоа и пред целиот свет?
Запаметете:
  • Заслужувате да бидете со некој кој постојано ќе ве почитува во секоја можна ситуација.
  • Лудаците се за во лудница, не за во вашиот дом.

Девојки, заборавете на изговорите: Целата вистина за мажите што треба да ја знаете

Што треба да си кажете себеси?

  • Нема да бидам со маж кој не ме поканил прв да излеземе.
  • Нема да бидам со маж којшто го чекам да се јави.
  • Нема да бидам со маж кој не е сигурен дали сака да биде со мене.
  • Нема да бидам со маж кој не ме смета за привлечна.
  • Нема да бидам со маж кому му треба да се опијани за да биде со мене.
  • Нема да бидам со маж кој се плаши да зборува за нашата иднина.
  • Нема да си трошам време на маж кој веќе ме одбил.
  • Нема да бидам со маж кој не е добродушна, учтива и фина личност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар