Девојки, овие неколку работи нема да ви ги кажат во салоните за нокти

Девојки, овие неколку работи нема да ви ги кажат во салоните за нокти

Секој сака да изгледа добро. За да го постигнат тоа, жените најчесто одат во салони за разубавување. Од нив, овој пат ги издвојуваме салоните за нокти, кои се нов начин на којшто можете да ги направите почисти и поубави вашите раце и стапала. Ако сте од оние личности кои сакаат да ги разубават своите раце и нозе на овој начин, постојат неколку работи коишто сигурно не ги знаете во врска со ваквите салони, а и никогаш нема да ви бидат кажани.

Подолу се прикажани некои од тајните на овие салони. Нив мора да ги знае секој којшто сака да има почисти и побезбедни нокти.

1. Не бричете ги нозете пред педикир

Повеќето жени преферираат избричени нозе, но малкумина знаат дека тоа е штетно да се прави непосредно пред посетата на педикир. Избричените нозе имаат отворени пори коишто се подложни на различни инфекции и заболувања на кожата. Токму затоа и наредниот пат кога ќе планирате да одите на педикир, обидете се да не ги бричете нозете. Можеби ќе ви биде утеха фактот дека вашиот педикир мајстор воопшто не се грижи како изгледаат вашите нозе и дали имаат влакненца или не.

2. Имајте во предвид дека не се безбедни сите алатки

Кога одите во салони за нокти, тие може да ви изгледаат чисти и безбедни, но тоа не е секогаш така. Некои алатки, како што е на пример алатката за раздвојување на прстите или пак каменот за пети, не се толку чисти како што изгледаат. Ако гледате некој бел материјал на овие алатки, тоа значи дека тие претходно биле користени од некој друг. Со користењето на овие алатки можете многу лесно да ја инфицирате вашата кожа. Но, не очекувајте ова да го слушнете од вашиот маникир или педикир мајстор.

3. Ги користат истите производи повеќе пати

Кога одите во салон за нокти можете да забележите дека луѓето таму ги користат истите продукти повеќе пати, особено гелот. Кога плаќате за тоа, треба вие да бидете оние коишто ќе го избираат производот. Токму затоа и најдобро е да го направите ова дома, каде што имате избор да го изберете омилениот производ и да го користите онака како што вие сакате. На овој начин би го заштедиле и времето коешто би го потрошиле одејќи во салон.

4. Ве лажат со евтини производи

Повеќето од салоните не сакаат да трошат премногу пари. Иако ги гледате скапите креми и лосиони наоколу, не мора да значи дека истите ќе бидат користени и на вас. Салоните сакаат профит, а за да го постигнат тоа тие понекогаш ставаат евтини продукти во амбалажа на скапи брендови. Тие никогаш нема да ви го кажат овој трик, па затоа не им верувајте слепо.

Ако се одлучите да продолжите да одите во салон за нокти, секогаш проверувајте ги производите и алатките коишто тие ги користат, со цел да избегнете одредени болести и инфекции на кожата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар