Девојки, не заборавајте: Ниту еден маж не вреди да патите за него во неудобни обувки!

Секојдневно слушаме разни совети, предлози, начини на однесување и слично. Понекогаш со задоволство ги прифаќаме, додека понекогаш ги занемаруваме и продолжуваме по свое. Сепак, некои совети треба да ги прифатат сите девојки, бидејќи нивното значење е добредојдено во одредени животни ситуации. Погледнете кои совети треба добро да ги запомните.

1-10-soveti-koi-devojkite-treba-da-gi-zapomnat-nitu-eden-mazh-ne-e-vreden-da-patite-zaradi-nego-vo-neudobni-obuvki-www,kafepauza.mk_

1. Без разлика на тоа колку забавата била добра и фантастична, направете сѐ за да се разбудите во вашата спална соба.

2. Помеѓу парче торта и кекс, секогаш одбирајте чаша вода.

3. Ако на часовникот отчукува полноќ, а вие морате да ја измиете косата, да ги депилирате нозете и да направите маникир – легнете да спиете. Затоа што можете да ги сокриете влакнестите нозе, на главата да ставите шешир или марама, а ноктите да ги намачкате со безбоен лак, седејќи во автобус. Но, никој и ништо нема да го маскира измореното лице и лошото расположение. Секогаш избирајте сон.

4. Патувајте! Искористете ја секоја прилика за тоа. Новите сознанија се најдобриот начин за стекнување искуства!

5. Пред да започнете да ја проценувате ситуацијата, најпрво запрашајте се: „Дали ова е моја работа?“ После тоа затворете ја устата и одете по својот пат.

2-10-soveti-koi-devojkite-treba-da-gi-zapomnat-nitu-eden-mazh-ne-e-vreden-da-patite-zaradi-nego-vo-neudobni-obuvki-www,kafepauza.mk_

6. Трошењето време и емоции на несоодветен човек има смисла само ако сте доктори, а пациентот ве плаќа.

7. Во расправијата не се раѓа вистина, туку мигрена. Во вистинското време, изговореното: „Да, како што ќе кажеш ти…“ ќе ви сочува и пари и нерви.

8. Неколку дена во самотија делуваат подобро отколку месеци минати во скапи бањи.

9. Ниту еден маж не вреди да патите за него во неудобни обувки.

Девојки, прочитајте ги овие позитивни животни совети кои ќе ви ја подобрат сегашноста.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар