Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

И покрај тоа што вежбате секојдневно, внимавате на исхраната, трчате секое утро и со тоа ја постигнувате посакуваната фигура, целокупниот ваш изглед може да се уништите доколку изберете погрешна облека, којашто покрај сѐ, дури ќе ви ги истакне и недостатоците. Затоа, погледнете ги овие неколку совети што ќе ви помогнат да го изберете вистинското парче облека кое совршено ви прилега на вашето тело и притоа да изгледате во најдобро издание.

1. Карирана облека со поголеми квадрати

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Облеката која има поголеми квадрати може да го уништи вашиот изглед. Таа изгледа стилски, но остава впечаток дека сте неколку сантиметри пошироки кај колковите. Наместо тоа, изберете некои неутрални дизајни или пак, нешто во едноставни бои. Доколку пак не можете да замислите во вашиот плакар да немате облека со кариран дизајн, тогаш одлучете се за таква којашто ќе има помали квадрати.

2. Хоризонтални линии

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Хоризонталните дизајни ќе остават впечаток дека имате многу поголема фигура. Доколку сакате облека со линии, сѐ што треба е да ја смените нивната насока: Наместо хоризонтални, изберете вертикални линии со што ќе постигнете спротивен ефект, односно ќе изгледате повисоки и повитки.

3. Премногу декорации

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Кога вашата облека има премногу набори и превиткувања, таа ќе ве покажува неколку броја поголеми. Трудете се секогаш да бирате облека што има помалку декорации, како што е здолништето со патент кој ќе ја продолжи вашата фигура, или пак облека со вертикални дизајни како што споменавме претходно.

4. Големи дизајни со хоризонтални елементи

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Големите дизајни прават да изгледате пошироко, додека пак сандалите со долги врвки врзани по должината на вашите нозе даваат впечаток дека сте пониски. Од друга страна, острото деколте и шлицот на вашето здолниште може да направат да изгледате повисоки. Секогаш трудете се да избирате еднобојни парчиња облека, а комбинирајте со чевли кои се слични на бојата на вашата кожа. Ова исто така ќе ви помогне да изгледате повисоки и послаби.

5. Фустан што ги покрива вашите врат и рамена

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Кога ви се покриени вратот и рамената вие можете да изгледате како да сте подебели отколку што навистина сте. Спротивен ефект ќе постигнете со деколтето во облик на буквата „V“ со кој ќе изгледате многу поелегантно. Веќе споменавме дека облеката со дополнителни набори треба да се избегнува, а истото можете да го забележите и овде на левата слика каде што девојката изгледа многу поширока во половината.

6. Широки хоризонтални ленти

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Единственото нешто што е полошо од хоризонталните ленти на облеката, се широките и светли ленти. На левата фотографија може да се забележи како изгледот на елегантна фигура може да биде уништен со погрешниот избор на облека. Од друга страна пак, фустанот во една боја, со мали дизајни и широк црн појас на половината, ќе ви ги истакне најдобрите карактеристики и ќе направи да изгледате многу послабо.

7. Светли бои

Девојки, не правете ги овие грешки кога избирате облека

Светлите бои прават да изгледате многу поголеми отколку што тоа го прават посуптилните тонови. Погледнете ги овие фотографии каде што девојката носи иста блуза, но во различна боја. На левата страна нејзината половина и рамената изгледаат поисполнети, што не е случај со десната страна, каде што лентите се побледи. Исто така тие се разликуваат и во долниот дел. Имено, иако е познато дека црната боја прави да изгледате послаби, сепак, дизајнот на облеката може да го уништи целокупниот ефект.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар