Девојки, еве што да направите ако заборавите да се напиете контрацепциска таблета

Девојки, еве што да направите ако заборавите да се напиете контрацепциска таблета

Од таблетите треба да пиете секој ден во исто време три недели по ред, па да направите пауза од 7 дена. Ова е многу едноставна и јасна постапка, но понекогаш животните обврски ја нарушуваат оваа рутина и го променуваат целиот процес на заштита од несакана бременост или хормоналната терапија.

0-devojki-eve-shto-da-pravite-ako-zaboravite-da-se-napiete-kontracepciska-tableta-kafepauza.mk

Истражувањата покажуваат дека жените најчесто забораваат да се напијат контрацепциска таблета за време на викендот – кога нивните секојдневни рутини се нарушени. Тогаш доаѓа до проблеми кои водат до главното прашање: Што да направиме ако заборавиме да се напиеме контрацепциска таблета?

Не е сеедно во која недела сте заборавиле да земете една или повеќе таблети. Најголем ризик од бременост настанува кога ќе заборавите да испиете таблета во текот на првата недела по паузата. Но, доколку доцнењето не е подолго од 12 часа, скоро и да нема ризик.

Еве што да направите доколку имате пропуштено една или повеќе контрацепциски таблети.

Една таблета

Ако пропуштите само една таблета или задоцните само еден ден, со новата серија таблети во новиот циклус сѐ уште ќе бидете заштитени од несакана бременост. Веднаш испијте ја пропуштената таблета, па макар и да се напиете две во еден ден. Остатокот од апчињата продолжете да ги пиете по вообичаениот распоред. Кога ќе завршите со серијата таблети, како и вообичаено, направете пауза од 7 дена.

Две или повеќе таблети

Ако заборавите да се напиете две или повеќе таблети или почнете нов циклус со задоцнување од два или повеќе денови, ризикот од несакана бременост станува значително зголемен. Веднаш напијте се една како замена за онаа што сте ја пропуштиле и една за тој ден. Сепак, важно е да не надоместувате две или повеќе таблети одеднаш. Тоа значи дека останатите што сте ги пропуштиле, занемарете ги, а преостанатите таблети пијте ги по нормален распоред. Следните 7 дена во текот на сексуалниот однос користете дополнителна заштита.

За оние кои постојано забораваат да се напијат апче, пробајте хормонална контрацепција во облик на кожни етикети (се менуваат еднаш неделно) или вагинален прстен (кој стои во матката пуштајќи хормони во текот на 3 недели, а потоа следи седумдневна пауза.)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар