Девојки, дали сте подготвени да се заљубите во ментол зелената боја?

Помеѓу модните трендови посебно место отсекогаш заземале и боите, а во центарот на вниманието во текот на секоја созна се појавува некоја нова нијанса која одеднаш ја гледаме во сите модни комбинации. Па така, годината која е зад нас ја одбележа пудресто розовата боја, а трендовите за новата сезона сѐ повеќе покажуваат дека црвената боја е потенцијална кралица за есента која ни доаѓа.

4-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_

Меѓутоа и во меѓу сезоната има еден посебен фаворит кој, како што ни изгледа, доаѓа како алтернатива за сите оние кои се заситени од пудрестите, пастелни нијанси. Исто како што новата сезона симболизира нови почетоци и свеж старт, така и ментол зелената боја донесува освежување во нашата гардероба.

2-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_

Нијансите на оваа боја веќе ги видовме на костимите за капење, блузите и маиците со карнери, но и на фустаните. Оваа боја изгледа божествено во контраст со исончаниот летен тен, кој уште повеќе доаѓа до израз во пар со ментол нијансите.

1-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_9-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_

Ментолот ќе доминира и во наредната сезона, и тоа во сите парчиња облека. Спојте ја оваа боја со фармерки, а доколку носите фустан во оваа нијанса, едноставно облечете тексас јакна врз него.

3-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_5-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_6-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_7-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_8-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_10-devojki-dali-ste-podgotveni-da-se-zaqubite-vo-mint-zelenata-boja-www.kafepauza.mk_

Сигурни сме дека веќе знаете дека во месец август доминира портокаловата боја, а сега е вистинско време да дознаете како ја комбинираат жените со стил!

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар