Девојки, дали правилно се грижите за интимното здравје?

Секоја жена би требало да се грижи за интимното здравјето на соодветен начин. Тоа секако е полесно да се оствари доколку се придржуваме до правилата кои ги откриваат гинеколозите.

1-devojki-dali-pravilno-se-grizhite-za-intimnoto-zdravje-www.kafepauza.mk_

1. Запомнете дека вие не сте гинеколог

Без разлика колку го познавате вашето тело и што ви одговара, немојте да се лекувате на своја рака. Во аптеките се достапни многу препарати во служба за лекување на вагиналните инфекции, но ве советуваме да не ги користите без препорака на гинеколог. Користењето лекови, вагиналети, масти и слично на своја рака може само да ја комплицираат состојбата.

2. Водете сметка при купување на долна облека

Танга или обични гаќички? Кога е во прашање ова, експертите имаат поделено мислење. Додека едни сметаат дека жените не би требало да носат танги, други немаат ништо против тоа доколку тие се удобни. Долната облека пред сѐ мора да биде удобна и не треба да биде тесна. Премногу тесните гаќички може да го иритираат интимниот предел, а со оглед на тоа дека се во контакт со анусот, постои и опасност од пренос на бактерии. Најважно е секојдневно да ја менувате долната облека, правилно да ја перете и да внимавате на хигиената.

3. Обилни менструации

Доколку вашата менструација трае повеќе од пет дена немојте да го занемарувате ова. Постојат жени на кои тоа им е природно, но доколку тоа не било случај со вас, а ви се случува менструација која е преобилна и трае подолго, обратете се кај гинекологот.

2-devojki-dali-pravilno-se-grizhite-za-intimnoto-zdravje-www.kafepauza.mk_

4. Разговарајте со гинекологот во врска со болниот секс

Ако чувствувате константна болка во текот на сексот, тогаш никако не треба да го криете тоа од вашиот доктор, бидејќи причините може да бидат работи како вагинални инфекции, фиброиди, миоми, ендометриоза или цисти.

5. Не воспоставувајте дијагноза за себе по пат на Интернет

Повеќето од нас се склони да ги „гуглаат“ симптомите и што тие значат. На овој начин можете да дојдете до разни, во поголем дел неточни заклучоци. Наместо на Гугл, симптомите кажете му ги на вашиот гинеколог.

Прочитајте и неколку начини да ги спречите габичните инфекции.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар