Девојки, да расчистиме, вашето момче никогаш нема да ја замени вашата најдобра другарка

Пријателството во врската е еден од условите за односот да биде стабилен – за да може да се поднесе динамичноста на самата врска. Просто мора да знаете дека партнерот е на ваша страна, па затоа и вие мора да бидете на негова, без разлика дали за различни работи имате спротивно мислење и сте се карале поради тоа. Тоа е пријателството во врската. Но, вашиот пријател и другар не е вашата најдобра другарка и тоа не смеете да го помешате. Знак дека добро успевате во тоа е ако вашиот партнер и најдобрата другарка се одобруваат и се дружат, за разлика од случаите каде што тие двајца не можат да се поднесат – тогаш нешто не е во ред со вашиот партнер или другарка.

1-devojki-da-raschistime-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ja-zameni-vashata-najdobra-drugarka-www.kafepauza.mk_

Вашата најдобра другарка добро знае дека кога споделувате со неа некои проблеми од врската, таа не треба да го озборува вашиот партнер, туку да ве сослуша и да ви дозволи сами да одлучите како е најдобро да се постапи. Разговарајќи со неа за вашите проблеми, всушност сакате да се слушнете самите себе и својот удел во караницата и нејзиното разрешување. За истиот проблем ќе разговарате и со партнерот кога ќе престанете да се карате и тогаш ќе се сетите дека сте пријатели. Затоа ви е потребна најдобрата другарка и затоа е потребно да имате пријателски однос со партнерот. Затоа овие две пријателства се потполно различни.

Во лошите периоди со партнерот, таа разлика ќе ви биде јасна. Бидејќи нему не би му го кажале сето она што би ѝ го кажале на вашата најдобра другарка – за него, за тоа дека сте бесни, лути, повредени, фрустрирани, и што ви паѓа на памет да направите, или можеби што сте направиле, а од што воопшто не ви станало полесно. Вашата другарка нема да ве осудува поради тоа што го правите или мислите, но ако партнерот би го знаел тоа, не би можел да го прифати, особено во кризните ситуации.

Меѓутоа во добрите периоди, понекогаш забораваме дека партнерот не е нашата најдобра другарка, па започнуваме да му кажуваме за нас, за другите и за многу други работи кои тој не ги сфаќа онака како што ние очекуваме – бидејќи тој не е нашата другарка.

2-devojki-da-raschistime-vasheto-momche-nikogash-nema-da-ja-zameni-vashata-najdobra-drugarka-www.kafepauza.mk_

Партнерската интимност не е секогаш пријателска, почесто ја изразуваме во облик на поддршка тогаш кога на партнерот му е потребна или во давање на потребното време кога тој се обидува да одлучи што е најдобро за него, но истовремено и да сфати дека тоа не е добро за нас. Партнерското пријателство бара мудрост, прифаќање, молчење и дозволување, додека пријателството помеѓу две другарки дозволува зборување глупости, донесување избрзани заклучоци, мислења кои се менуваат на секој половина час и воопшто сета она нестабилност која може да ја изразиме кон најдобрата другарка, бидејќи таа знае дека не сме луди. Но, и да сме, тоа е таа женска лудост и таа ја разбира.

Ако на партнерот му ја сервираме нашата привремена некомпетентност која всушност е реакција на нашите внатрешни турбуленции, на обидите да ја исфрлиме нашата вина, да сфатиме што се случува, да се заштитиме од повредите и да направиме нешто, тој малку ќе се исплаши и ќе се оддалечи. Затоа што нема да разбере.

Тоа не значи дека пред партнерот треба да се правиме нормални, па потоа да трчаме кај нашата најдобра другарка и да се исповедаме, туку само дека не треба да очекуваме дека тој ќе биде нашата поддршка додека сме „луди“. Можеби ќе научи со тек на време, па дури и ако не сфаќа, па ќе ве пушти на мира и поучен од искуството, ќе почека нестабилноста да помине.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар