Девојки, бегајте со време: 13 знаци дека не го бива помеѓу чаршафите

За некои луѓе едноставно можете да познаете дека не ги бива помеѓу чаршафите уште пред да спиете со нив. Тие лесно се препознаваат по овие 13 нешта. Ако тој има вакви карактеристики, тогаш бегајте. Бегајте и не се вртете. Ќе ни се заблагодарите подоцна.

0-devojki-begajte-so-vreme-13-znaci-deka-ne-go-biva-pomegju-charshafite-kafepauza.mk

1. Се ѕвери во телефонот како да е згодна девојка со која сака да спие

А вас ве гледа како да сте мувлосан леб кој има намера да го фрли. Иако скоро сите модерни генерации го прават ова, сепак сѐ има граница. Ако е позаинтересиран да ја види новата фотографија на Инстаграм од другар му отколку да разговара со вас, тогаш тој сигурно не е заинтересиран да ве задоволи во кревет.

2. Немате поим дали ве смета за убава, и покрај тоа што ви е момче

Ако излегувате со момче кое не се труди да се чувствувате како модел на Викторија Сикрет, тогаш ќе ви биде тешко да се опуштите и одлично да си поминете помеѓу чаршафите. Цело време ќе размислувате „Зошто сакаш да спиеш со мене?“ „Се обидуваш да си фин?“ „На почетокот мислеше дека сум убава, а сега не?“ „Не сакам да спијам со некој кој не ме смета за убава.“ „Да се разбереме: ЈАС СУМ УБАВА“… и со овие мисли завршуваат шансите за оргазам.

3. Никогаш не прашува за вас

Ако тој не се грижи како ви поминал денот или како се вашите пријатели, тогаш нему навистина не му е грижа за вас, што значи дека сигурно нема наеднаш да се заинтересира како во исто време да го стимулира вашиот клиторис и вашата вагина.

4. Нема компас во животот

Момците кои се во нивните 20-ти сѐ уште немаат идеја дали сакаат да работат нешто лесно за да имаат доволно време да играат видеоигри, па велат нешто вакво: „Па не знам, сакам да водам компанија или нешто така…“ Затоа, кога ќе спиете со нив и ќе речете нешто во овој стил: „Ох, таму, таму, не престанувај!“, тие или ќе забрзаат или ќе сменат насока, додека вие во себе вриете од гнев: „По ѓаволите! Ти реков да направиш едно нешто, а ти и тоа не го можеш!“

5. Кога ќе му речете да не прави нешто, а тој мисли дека е посмешно ако го прави

Ако познавате момче кое го прави ова, тогаш бегајте. Не се шегуваме. Бегајте со брзина на светлината и што е можно подалеку. Блокирајте го неговиот број. Сигурно дека ако го прави тоа надвор од креветот ќе продолжи да го прави и во него.

6. Тој е несмасен како лик во тинејџерска романтична комедија

Ако не може да оди по скали со две кафиња во рацете и се сопне на нешто по пат, тогаш сигурно нема да го бидува во кревет. И сигурно ќе има последици (читај: модрици и отоци) откако ќе спиете со него.

7. Првиот пат кога се бакнувавте тој ја пикна неговата рака во вашите пантолони

Момците кои се движат олку брзо се како незрели тинејџери кои никогаш не бакнале девојче. Го паметите вашиот прв бакнеж? Паметите како се чувствувавте? Исто ќе ви биде чувството кога сте со него, верувајте ни.

8. Го прашувате кои му се целите за во иднина, а тој не знае што да одговори

Сексот со ваквиот тип мажи најверојатно ќе изгледа многу еднолично. Тие имаат само еден до два потези. Вие цело време ќе очекувате да ве восхити, но тој е и потпросечен кога станува збор за сексот.

9. Носи очила во простории и мисли дека тоа е кул

А дури ни очилата не му се кул. Мажите кои се загрижени за тоа како изгледаат никогаш не можат да му се препуштат на сексот затоа што се премногу загрижени дали нивното лице изгледа како на порно ѕвезда додека го прават тоа. Сетете се на последниот пат кога забележавте тип кој се обидувал да изгледа секси и кажете ни дека не ви се исуши вагината.

10. Го мразите начинот на кој се бакнува

Секако дека првиот бакнеж со некоја личност не е совршен, но ако е толку лош, без разлика колку се трудите, сѐ останато ќе биде уште полошо и ништо не може да го поправи тоа.

11. Единственото „вежбање“ што го практикува е одење до фрижидерот

Без разлика колку е добар, ако не е навикнат на движење тогаш ќе биде „лудница“ помеѓу чаршафите. Сексот е вид напорна вежба, а тој не е спремен на тоа.

12. Ве исмејува пред неговите пријатели

Ако неговите јавни „весели“ навреди секогаш ве повредуваат, замислете како ќе се чувствувате кога ќе бидете голи, а тој ќе се шегува за чудниот мирис на вашата вагина и ќе почне да ве споредува со одвратни нешта додека вие се прашувате како сте дошле до тоа дереџе. П.С. Престанете да излегувате со него. Сигурни сме дека сите луѓе околу вас го мразат.

13. Не сте ни сигурни дека ви се допаѓа

Ако после излегувањето, доаѓате дома мислејќи дека е згоден и дека сакате да се бакнувате со него, но сепак не уживате во неговото друштво, тогаш тој сигурно не е за вас. Ваквите момци се момците за кои никогаш не им кажувате на вашите пријатели. И тоа со причина.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар