Десерт кој ќе ви ја заслади душичката: Баклава со пудинг

Одличен десерт за сите видови пригоди

Десерт кој ќе ви заслади душичката: Баклава со пудинг

Потребни состојки:
  • 3 пудинга од ванила (засладени по вкус)
  • 1 литро млеко
  • 4 јајца
  • 100 милилитри масло
  • 500 грама кора за баклава
  • 500 грама шеќер
  • 2 чаши вода
Начин на подготовка:

Подгответе ги пудинзите со млекото и засладете по вкус. Додека чекате да се оладат, изматете ги јајцата со 4 лажици шеќер и потоа додајте им го маслото. Почнете да ги редите корите една врз друга, притоа мачкајќи секоја од нив со изматените јајца. Наместете 5 реда кори и потоа врз нив ставете го пудингот по должина на работ и завиткајте ги во ролат. Од сите кори можете да направите 3 – 4 ролата, во зависност од нивната дебелина.

Испечете ги ролатите, но внимавајте да не ги препечете. Тие се готови кога ќе добијат бледо жолтеникава боја. Откако ќе завршите со печење, оставете ја баклавата да се олади. Додека чекате, направете шербет од преостанатиот шеќер и 2 чаши вода. Откако ќе почне да врие, оставете го на оган уште 2, 3 минути и потоа прелијте го преку баклавата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар