Десерт на денот: Торта со карамелa и лешници

Збогатете ја божиќната трпеза со овој вкусен десерт!

Денешен десерт: Карамел – лешник торта

Потребни состојки:

За кората:

  • 5 белки
  • 150 грама шеќер
  • 150 грама лешници
  • 100 грама крем од лешници

За двата слоеви фил:

  • 500 милилитри млеко
  • 100 грама пудинг од карамела
  • 200 грама шеќер
  • 5 жолчки
  • 250 грама маргарин
  • 50 грама чоколадо

Останато:

  • 200 грама кекс
  • 200 милилитри млеко (за потопување на кексот)
  • 1 пакување шлаг
Начин на подготовка:

Кора:

Сматете ги белките во цврст шлаг, постепено додавајќи шеќер. Плехот премачкајте го со масло, ставете хартија за печење и премачкајте ја и неа со масло. Посипете со исечкани лешници и ставете го шлагот од белките. Кората сушете ја во рерна загреана на 150°C, околу 1 час и 15 минути. Печената кора превртете ја на чинија, извадете ја хартијата и премачкајте со крем од лешници.

Фил:

Во 200 милилитри изматете го пудингот, а остатокот оставете го да изврие со 100 грама шеќер. Додадете го пудингот во зовриено млеко и мешајте додека не се згусне. Оставете да се излади. Сматете ги жолчките со преостанатиот шеќер, гответе на пареа и матете додека не се згусне. Посебно сматете го маргаринот и наизменично додавајте лажичка по лажичка пудинг и жолчки, непрекинато матејќи. Филот поделете го на два дела. Првиот нека остане жолт, а на вториот додадете го стопеното чоколадо.

Финална постапка:

На изладената кора нанесете го жолтиот фил. Потоа наредете го претходно натопениот во млеко кекс, и премачкајте со фил од чоколадо. Сматете го шлагот според упатството на кесичката и украсете ја тортата по желба.


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар