Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

Пред одење на плажа секој човек убаво се мачка со крема со заштитен фактор од сонце по целото тело, за да не изгори од силните зраци. Но, никој не помислува дека има делови од телото кои можат да настрадаат поради тоа што несвесно забораваме да се погрижиме за нив. Затоа, следниот пат кога ќе излезете на сонце не заборавајте да нанесете заштитна крема и на следниве места.

Делови од телото кои забораваме да ги заштитиме од сонце

Ушите

Нема ни да ви текне дека ушите можат да настрадаат од силното сонце, сè додека не ви изгорат. Доколку не сакате тоа да се случи, внимавајте на нив.

Темето

Врвот на главата е постојано изложен на силното сонце и најчесто прв се загрева. Внимавајте на овој дел од телото, носејќи шешир или капа.

Внатрешниот дел од рацете

Доколку случајно заспиете на плажа со рацете над глава, добар дел од вашата кожа која најверојатно не сте ја заштитиле со крема,  ќе ја изложите на силното сонце. Обрнете внимание убаво да ги намачкате целите раце, од сите страни.

Стапалата

Стапалата исто така се многу осетливи кога станува збор за изгореници од силно сонце. Доколку не ги мачкате, задолжително почнете да го правите тоа.

Очните капаци

Сигурно внимавате на лицето пред да излезете на сонце, но ретко кому му текнува да ги намачка очните капаци. Кревката кожа на очните капаци, може да ви направи големи проблеми доколку не се погрижите за неа.

Кожата под костимот за капење

Костимот за капење заштитува, но не целосно. Затоа задолжително треба секогаш убаво да се намачкате и под него. Исто така, во текот на денот, вашиот костим постојано се поместува, па може да се случи да изгорите на тој дел од телото.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар