Делата се поважни од зборовите: 13 знаци за вистинска љубов!

За да бидете сигурни дека вашиот партнер ве сака, не значи дека тој мора да го изговори тоа. Неговите дела може да покажат многу повеќе отколку неговите зборови. Затоа издвоивме 13 слатки активности со кои тој ви докажува дека едноставно ве обожава.

1-delata-se-mnogu-povazhni-postojat-13-pokazateli-na-vistinskata-ljubov-no-ne-se-zborovi-www.kafepauza.mk_

1. Ви посакува среќа пред важен состанок. Тој е свесен за сите ваши проблеми, грижи и стрес со кои се соочувате и затоа сака да ве поддржи кога тоа ви е најпотребно.

2. Се менува со вас доколку не ви се допаѓа храната или пијалакот кои сте ги нарачале.

3. Кога ќе ви каже дека ве посакува, на индиректен начин ви изјавува љубов.

4. Секогаш ги купува вашите омилени десерти за да ја надополни филмската вечер.

2-delata-se-mnogu-povazhni-postojat-13-pokazateli-na-vistinskata-ljubov-no-ne-se-zborovi-www.kafepauza.mk_

5. Кога мора да работите до доцна, сака да ја помине ноќта со вас. Не му е важно дали ќе го игнорирате цела вечер заради работните обврски, важно му е само да биде со вас.

6. Ги прашува вашите пријателки што да ви купи за роденден за поклонот целосно да ве освои.

7. Важно му е како се чувствувате. Ви покажува дека ве обожава така што ве чешка додека не заспиете или ви ја дава поубавата перница за да ви биде поудобно.

3-delata-se-mnogu-povazhni-postojat-13-pokazateli-na-vistinskata-ljubov-no-ne-se-zborovi-www.kafepauza.mk_

8. Покажува интерес за сето она што ви се случило во текот на денот иако најверојатно баш и не го интересира што вашата колешка му кажала на шефот.

9. Со задоволство доаѓа на шопинг со вас за да го помине секој буден момент во ваше друштво.

10. Тој ќе ги измие вашите валкани садови доколку знае дека сте имале тежок ден.

4-delata-se-mnogu-povazhni-postojat-13-pokazateli-na-vistinskata-ljubov-no-ne-se-zborovi-www.kafepauza.mk_

11. И покрај тоа што и понатаму е поспан, утрото ќе го искористи за разменување нежности со вас.

12. Ви го препушта последниот залак од колачот, бидејќи знае дека чоколадото е задолжителен дел од вашето секојдневие.

13. Гледа со вас тажни и романтични филмови за да ги задоволи вашите потреби.

Дали е тој Вистинскиот? Погледнете кои знаци покажуваат дека тој е човекот кој никогаш нема да престане да ве сака.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар