Дами, никогаш не правете ги овие работи на вашите гради!

Градите се еден од најделикатните делови на женското тело. Тие се составени од масни ткива и жлезди коишто произведуваат млеко. Кожата на градите е еластична поради протеинот наречен еластин. Па, тие треба да бидат третирани соодветно и да ја добиваат потребната грижа, затоа што се многу чувствителни и лесно подложни на оштетување. Погледнете ги овие неколку навики коишто им штетат на вашите гради и трудете се да ги избегнувате.

1. Носење помал број градник

Иако многу жени веруваат дека носењето помал број градник (еден или два броја помал) може да го подобри изгледот на нивните гради, практиката не го препорачува ова. Експертите велат дека носењето помал број градник може да предизвика непријатност и оштетување на ткивото на градите.

2. Пирсинг на брадавицата

Пирсингот на брадавицата може да биде опасен затоа што постојат шанси од инфекција. Доколку брадавиците се инфицираат, инфекцијата преку нив се шири многу бргу и до лимфните јазли. Ова доведува не само до формирање гној, туку може да предизвика и посериозни заболувања доколку инфекцијата навлезе во крвотокот. Затоа, подобро е да го избегнувате пирсингот на брадавиците.

3. Отстранување на влакната околу брадавиците

Многу жени не ги сакаат влакната околу брадавиците, па имаат навика редовно да ги отстрануваат. Тоа не е добро затоа што честото отстранување може да резултира со погусти и повидливи влакна, а покрај тоа оваа навика може да предизвика и воспаленија.

4. Стискање на градите

Многу често, кога луѓето се интимни, имаат тенденција да ги притискаат градите. Ако ова се прави на редовна основа, тоа може да го оштети нивното ткиво.

5. Трчање без спортски градник

Некои жени практикуваат вежбање, трчање или работење без носење спортски градник затоа што на тој начин се чувствуваат поудобно. Но, ова може да предизвика сериозни оштетувања на ткивата во градите, па затоа настојувајте да ја избегнувате оваа навика.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар