Дами, не правете го ова додека се туширате и заштитете се од појава на рак

Ако за време на туширањето редовно ја миете и вагината со млаз вода, тогаш значително ги зголемувате шансите за добивање хуман папилома вирус (ХПВ), што може да доведе до појава на рак. Повеќето жени мислат дека со ова ќе се ослободат од непријатниот мирис, но вистината е дека само се доведуваат во опасна ситуација. Точно е дека кај жените, вагината, после цревата, содржи најголем број бактерии, но тие се таму со добра причина.

Жени, не правете ја оваа работа додека се туширате

Повеќето медицински експерти строго го забрануваат ова, бидејќи вагината се чисти сама, а нејзиното миење може само да ја наруши рамнотежата на бактериите, предизвикувајќи абнормален раст на ткивата и други промени во клетките на грлото на матката.

Едно истражување спроведено на Универзитетот во Тексас, во кое учествувале над 1.271 жена на старост од 20 и 49 години, покажало дека миењето на вагината го дуплира ризикот за добивање рак на јајници.

„Вагината содржи повеќе бактерии од кое било друго место на телото и бактериите се овде со своја причина. Не можам да замислам ситуација во која нејзиното миење би било корисно, затоа што на тој начин жените отстрануваат сѐ што е во вагината, вклучувајќи и здравите бактерии“, заклучува професорот Рони Ламонт.


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар