Дали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурно

Дали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурно

Никогаш не треба да претпоставувате дека сите големи зависници се лесно препознатливи и на 3 чекори оддалеченост од живеење на улица. Некои од најуспешните луѓе ширум светот се или биле зависници без никој ништо да забележи, бидејќи понекогаш тие навистина успешно го кријат својот проблем. Па, доколку сакате да откриете дали и вашето момче е зависник, тогаш обрнете внимание на следниве 3 знаци…

Дали вашиот партнер е зависник? 3 знаци да откриете за сигурно

1. Причина за зависност

Пред да почнете да ги барате симптомите за зависност, најпрво обидете се да забележите дали воопшто има причина за неа. На овој начин подобро можете да разберете дали и зошто тој злоупотребува дрога. Доколку не постои причина, големи се шансите дека тој не е зависник. Но, од друга страна пак, одредени препишани лекови или бурен ноќен живот можат да доведат до зависност, дури и покрај тоа што нема други видливи проблеми.

Постојат многу причини зошто луѓето почнуваат да злоупотребуваат дрога: несигурност, анксиозност, срамежливост, депресија, потреба за подобар перформанс (атлетски или интелектуален), желба да се најде своето место во нова група пријатели, потреба за зголемена сексуална желба, неможност за спиење, постојан замор, како и ментална или физичка траума.

Дрогата е краткотрајно решение на даден проблем. Таа не ги решава вашите проблеми, туку на некој начин само ги одложува. Но, доколку постојано ја користите вие ќе добиете нов проблем кој само ќе ја влоши вашата ситуација. И не сите ја имаат потребната сила да се извлечат од неа доволно долго за хемијата во нивниот мозокот да може брзо да се врати во нормала. Зависниците често веруваат дека имаат контрола над дрогата, па токму затоа и не се плашат дека ќе станат зависници. Но, со тек на време, доколку продолжат со истото темпо, нивното тело ќе почне да ја бара дрогата, оставајќи ги целосно под нејзина контрола.

Едно интересно истражување ни покажува дека секогаш има потајна причина зошто настанува зависноста, па токму затоа и треба да им се помогне на зависниците да го решат овој проблем со цел полесно да се справат и со зависноста. Доколку се сомневате дека вашето момче е зависник, кои се причините кои би можеле да го доведат до оваа состојба? Дали има очигледни?

2. Промени во однесувањето

Повеќето зависници полека се движат кон оваа состојба, па токму затоа и сите ги измамуваат дека се под контрола. Откако ќе развијат зависност, повеќето од нив почнуваат да живеат во негирање. Но, дрогата целосно ќе ја промени нивната перцепција на реалноста. Зависноста ќе ги натера да се правдаат за нешта кои никогаш претходно не би ги направиле, а тоа го прават и најблиските за нив. Крадење, лажење, насилство… Сите овие нешта им стануваат нормални во периодот кога им е потребна дрогата и бидејќи им е најважна, тие би сториле сè за да ја земат.

На некој начин тие го оправдуваат секое дејство кое мислат дека ќе ги доведе до нивната следна доза и откако ќе ја земат, тие се под нејзино влијание и воопшто не размислуваат чисто. Како резултат, нивното однесување се менува дури и без тие да забележат, па токму затоа и вие мора да ги набљудувате внимателно. Имајќи го тоа на ум, некои зависници се потешки да се откријат преку промените на однесувањето бидејќи или користат помало количество или пак, едноставно таа не им влијае толку драстично. Не мора да значи дека секој зависник ќе стане насилен или ќе прави незамисливи нешта кога има потреба од дрога. Но, сепак постојат начини на кои можете да ги забележите малите промени во однесувањето кои го издаваат.

Доколку ги забележите следниве нешта, тогаш треба да му обрнете повеќе внимание со цел да бидете сигурни.

  • ненадејни промени во карактерот или самодовербата
  • ненадејно зголемување на енергијата кое не е проследено со позитивна животна промена (како вежбање, соодветно спиење, подобра исхрана…) или хиперактивност
  • ненадејна промена на пријателите, оддалечување од моменталните пријатели или претерано зафатен социјален живот
  • недостаток на мотивација и генерална психичка отсутност
  • претерана среќа
  • претерана уморност
  • крадење (за да ја поддржат својата зависност)
  • недостаток од интересирање за својот физички изглед
  • ненадејно зголемување на мотивацијата
  • таинствено и мистериозно однесување
  • намалена координација
  • промени во апетитот
  • неспособност за концентрација
  • неспособност за спиење
  • промени на расположението
  • лажење
  • параноја и анксиозност

3. Физички промени

Дрогата влијае врз телото. Некои телесни промени се полесни за забележување од други, но доколку погледнете внимателно сигурно ќе можете да ги забележите…

  • промени на телесната миризба
  • екстремно проширени (големи) или стеснети (мали) зеници, кај кои светлината не предизвикува соодветна промена на нивната големина
  • црвени очи
  • растечен нос
  • нееднакво отчукување на срцето
  • нејасен говор
  • точки од инјекции
  • нафрлање на кожата
  • халуцинации
  • очи кои сјаат
  • зголемување на тежината
  • надуено лице
  • кашлање
  • повраќање
  • потење
  • тикови
  • треперење

Што да направите доколку тој навистина е зависник?

Доколку откриете дека вашето момче се бори се зависност, најпрво информирајте се колку што можете повеќе на оваа тема. Лесно е да се лутите или пак, да се соочите директно со него, но на тој начин воопшто нема да помогнете. Направете истражување и разговарајте со професионалец пред да ѝ пристапите на целата оваа работа. Справувањето со зависноста може да биде голем проблем, тежок за справување, па токму затоа и покрај професионалната помош, ним им е потребно многу љубов и поддршка со цел да успеат да се извлечат.

Дополнителни информации

Погледнете ги овие информации кои би можеле да ви помогнат со вашата битка:

Мит 1: Справувањето со зависноста зависи од волјата. Вие можете да престанете веднаш да ја земате доколку навистина го сакате тоа.

Реалност: Долготрајната изложеност на дрогата го променува начинот на кој вашиот мозок функционира, па токму затоа и телото има силна потреба од неа. Овие промени во мозокот не можат да бидат победени само со чиста волја.

Мит 2: Зависноста е болест, па затоа и не можете ништо да направите.

Реалност: Повеќето експерти се согласуваат дека зависноста е болест на мозокот, но тоа не значи дека сте беспомошна жртва. Промените во мозокот настанати под влијание на дрогата можат да бидат третирани и вратени во нормала преку терапија, медикаменти, вежбање и други видови третмани.

Мит 3: Зависниците мора да паднат на дното пред да почнат да се подобруваат.

Реалност: Справувањето со овој проблем може да почне во кој било момент, но сепак е подобро да се почне најбрзо што може. Колку подолго сте изложени на дрогата, толку посилна станува зависноста, а со тоа и потешка за третирање.

Мит 4: Не можете да натерате некого да се лечи, тие мора сами да побараат помош.

Реалност: Третманот не мора да биде доброволен со цел да биде успешен. Многумина кои биле натерани да почнат со терапија од страна на своето семејство, соработници или легалниот систем имале успешен исход во својата борба со дрогата. Откако нивниот мозок малку ќе се прочисти, тие самите ќе сакаат да продолжат со подобрување.

Мит 5: Третманите не успевале претходно, па токму затоа и нема поента да се почне повторно.

Реалност: Справувањето со зависноста е долг процес кој често вклучува навраќање на дрогата. Но, овие повраќања не мора да значат дека третманот не успеал или пак, дека ви нема спас. Доколку повторно се вратите на лекувањето, големи се шансите дека овој пат ќе успеете.

И за крај, никогаш немојте…

  • да се обидувате да ги казнувате, да им се заканувате, да ги поткупувате или да им попувате
  • да се претворите во маченик – избегнувајте ги сите емоционални реакции кои би можеле да создадат појава на вина и потреба да се посегне повторно по дрога
  • да го прикривате или да наоѓањето изговори за него, како и да го штитите од негативните последици на своето однесување
  • да ја преземете одговорноста за неговото дело, оставајќи го без чувство на достоинство
  • да криете или фрлате дрога
  • да се карате со него додека е под дејство на дрога
  • да земате дрога покрај него
  • да се чувствувате виновно или одговорно за неговото однесување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар