Дали треба да си легнувате гладни доколку сакате да ослабите?

Да си легнете гладни е мит во областа на диетите со кои сите сме се сретнале барем еднаш во животот. Токму затоа еден нутриционист од Австралија ни открива дали навистина не треба да јадете пред да си легнете и која храна треба да ја избегнувате доколку сакате да изгубите неколку вишок килограми.

Дали треба да си легнувате гладни доколку сакате да ослабите?

Додека спиете, организмот непрекинато ви работи. Тој ги обновува и размножува своите клетки, ја обработува храната која сте ја консумирале и цела низа други биолошки нешта кои се неопходни за живот. Сите овие процеси бараат енергија, која организмот ја презема од храната која сте ја изеле во текот на денот и ноќта.

„Доколку пред да спиете сте јаделе храна која е богата со „празни“ калории како сладоледот, тогаш нивото на шеќерот во крвта брзо ќе ви се зголеми, а добиената „енергија“ автоматски ќе се претвори во облик на масни перничиња,“ објаснува нутриционистот Тим Робардс.

Токму затоа за мирен и квалитетен сон, подобро е доколку неколку часа пред легнување не јадете ништо, со цел варењето на храната да не ве одржува будни. Но, доколку јадете во времето пред легнување, тогаш одберете храна која е со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати. На овој начин вие побрзо ќе zaспиете и помалку ќе се будите во текот на ноќта, но и истовремено брзо ќе ја намалите вашата телесна тежина. На кратко, не мора да легнувате гладни за да ослабите, само треба да внимавате што точно јадете пред спиење.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар