Дали треба да ја користите вашата урина за да имате поубава кожа на лицето?

Еве една интересна новост во областа на убавината – жените во Велика Британија наводно ја користат својата сопствена урина за да се ослободат од акните на лицето и да добијат поубава кожа. Да, добро прочитавте!

dali-treba-da-ja-koristite-vashata-urina-za-da-imate-poubava-kozha-na-liceto-kafepauza.mk

Како функционира ова? Земате едно топче памук, го натопувате во вашата урина и потоа го користите исто како што би користеле тоник или крема за акни.

Бидејќи трендот делува глупаво и смешно, ред е за оваа проблематика да се консултира доктор. Според дерматологот д-р Неал Шултц, урината се состои од 95% вода, а следната највисоко застапена компонента е уреата, која може да делува како ексфолијант.

Важно е да се потенцира дека сепак урината содржи најмногу 5% уреа, додека комерцијалните креми кои всушност делуваат, содржат концентрација од околу 10-15%. Тоа значи дека урината не прави којзнае што за кожата.

Па, пред и вас да ве завлече трендот и да намачкате урина на вашето лице, земете го предвид фактот дека имате многу други достапни опции во продавниците за козметика кои ќе ви овозможат поубава кожа. А ако сакате да го третирате лицето природно, нанесувајте јаболков оцет или мед.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар