Дали тој ќе ве задоволи во кревет? Еве како да откриете уште пред да бидете интимни

Дали тој ќе ве задоволи во кревет? Еве како да откриете уште пред да бидете интимни

Поголемиот дел од жените би се согласиле дека најдобриот увид во љубовните способности на мажите пред сексот е начинот на кој тие се бакнуваат. Според Трејси Кокс, сексуална терапевтка, мажот кој се бакнува нежно, создава и многу плунка, а неговиот стил може да се опише како предвидлив и малку досаден, па тоа значи и дека не е креативен или страстен во кревет. Од друга страна, брзите бакнежи, во стилот на „центрифуга“, каде што постојано се истакнува едното исто движење, може да укажува на егоистичен љубовник кој во сексот најпрво го гледа своето задоволство. Оние мажи пак, кои го менуваат својот стил на бакнување и одговараат на иницијативата на девојката покрај себе, укажуваат на сензибилни љубовници.

dali-toj-kje-ve-zadovoli-vo-krevet-eve-kako-da-otkriete-ushte-pred-da-bidete-intimni-www.kafepauza.mk

Но, дали сте знаеле дека покрај бакнежот, постојат и други нешта од неговото секојдневно однесување кои можат да бидат добар знак за каков е тој во кревет? Еве дел од нив:

Начинот на кој јаде

Најдобрите љубовници се хедонисти кои уживаат во добриот залак, а најлошите се оние кои премногу пребираат. Мажите кои се опседнати со броење калории и одржување на своите мускули со протеинска исхрана за време на сексот повеќе се возбудуваат од себеси отколку од нивната партнерка. Сепак, дури ни оние кои набрзина јадат што било не се пожелни, бидејќи ни откриваат личности кои немаат трпение и кои сакаат брзо да ги завршуваат нештата, дури и во сексот.

Начинот на кој говори

Монотониот глас без промена на тоналитетот, ниту пак изразот на лицето, ни открива здодевен љубовник. Од друга страна, честите промени во говорот, како и гласното одрекување откриваат темпераментен маж во сексот.

Начинот на кој се однесува во друштво

Како генерално правило, колку е мажот поотворен и социјално повеќе ориентиран, толку се поголеми шансите и дека добро ќе комуницира во спалната соба. Затворените мажи можат да кријат во себе вулканска страст, додека оние ќутливите кои повеќе би сакале да набљудуваат отколку зборуваат, сигурно кријат некои бизарни сексуални фетиши во себе.

Начинот на кој седи

Мажот кој во ресторанот или кафулето седнува спроти вас, со грбот насочен кон останатиот дел од просторијата, е сигурен победник во кревет, бидејќи со ова однесување демонстрира колку е фокусиран на својата партнерка и колку сака да ја задоволи. Мажот кој седи со раширени нозе и постојано ги набљудува луѓето кои поминуваат покрај вас, во сексот брзо губи концентрација и најчесто е многу нетрпелив.

Начинот на кој ве допира

Мажот кој во разговорот го допира својот соговорник и нежно го удира по раменото, нема проблем со физичката блискост, па според тоа можеме да заклучиме дека во сексот е љубопитен и дека сака да експериментира. Мажите кои се физички оддалечени од соговорникот, додека телото им е вкочането во разговорот, се несигурни и не сакаат да покажуваат чувства. Оваа карактеристика воопшто не ги прави добри љубовници.

Начинот на кој ве држи за рака

Држењето за рака е уште еден значаен фактор при процената на неговите љубовни вештини. Мажот кој постојано посегнува по вашата рака така што ги сместува прстите помеѓу вашите, покажува на емотивен зависник кој со тек на време би можел да почне да ве „гуши“. Оние кои повремено ја допираат раката на својата партнерка и брзо ја испуштаат, повеќе се фокусираат на „механиката“ во сексот отколку на емоциите. Најдобрите љубовници се оние кои благо ја потпираат својата дланка врз вашата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар