Дали сте слушнале за нордиската диета и зошто таа станува сè попопуларна?

Дали сте слушнале за нордиската диета и зошто таа станува сè попопуларна?

Таа е позната како нордиска, скандинавска или викиншка диета, а станува збор за вид исхрана што е застапен во Скандинавските земји, кои во последно време се сѐ попопуларни поради својот благотворен ефект врз здравјето и помошта околу слабеењето. Заговорниците на нордиската диета се строго против изгладнувањето, но затоа пак се залагаат за умереност. Го пропагираат враќањето на прехранбените навики кои ги имале нашите предци, како и избегнувањето на нездравата и преработената храна кои се главните виновници за вишокот килограми.

1. Свежо, сезонско и органско

Нордиската прехрана ја поттикнува консумацијата на органски и сезонски производи, внесување житарки од цело зрно, омега-3 масни киселини, добри масти од јаткастите плодови и семки, и многу овошје и зеленчук. Истражувањата покажуваат дека нордиската исхрана може значително да го регулира нивото на холестерол и да ја подобри чувствителноста на телото на инсулин.

Основни правила за консумирање на нордиската исхрана се употребата на локални, сезонски и органски производи. Со консумирањето сезонски и свежи производи всушност избегнувате да јадете конзервирана храна што е зачинета со масти и претерана количина шеќер.

2. Клучни производи

Нордиската диета спаѓа помеѓу подобрите во светот, бидејќи истражувањата покажуваат дека дава енергија, помага при отстранувањето на вишокот килограми и урамнотежување на маснотијата во крвта и крвниот притисок. Како всушност се спроведува? Во нордиската диета главна улога имаат житарките, зеленчукот и рибата кои даваат сила, енергија и го подобруваат квалитетот на животот.

Во нордиската диета одредени производи се користат секојдневно. Тоа пред сѐ е зеленчук со корења, како што е компирот, цвеклото, репката и морковите кои даваат чувство на ситост благодарение на тоа што содржат здрава комбинација на хранливи влакна и бавно варливи јаглехидрати. Покрај тоа, цвеклото е одличен избор и поради тоа што е силен антиоксиданс кој помага во детоксикацијата на организмот.

Потоа, важна улога и задолжителен производ во нордиската диета е ‘ржениот леб. Интегралниот леб од ‘рж е побогат со прехранбени влакна од белиот леб, подолго се џвака и вари, па затоа нема ненадејни скокови на нивото на шеќер во крвта и гарантирано е подолгото чувство на ситост. Бидејќи ‘ржта е богата со манган, минерал кој е важен за создавање енергија, нормална работа на тироидната жлезда и цврстина на коските и забита, па во него се кријат многу здрави користи за организмот.

2-dali-ste-slushnale-za-nordiska-dieta-pravila-namirnici-i-soveti-za-edna-od-najdobrite-dieti-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

3. Масло од репка

Маслото од репка е вистинска конкуренција на маслиновото масло, бидејќи е исклучително богато со незаситени омега-3 масни киселини. Маслото од репка има неутрален вкус и е одлично за печење, поховање, скара… Совет е да се користи ладно цедено масло од репка. Она што е необично во оваа диета, за разлика од медитеранската, е тоа што се препорачува масло од репка наместо маслиново масло, поради поголемата концентрација на омега-3 масни киселини.

4. Повеќе билки, помалку месо

Потребно е да внесете повеќе калории од билките, а помалку од месото. Оваа диета резултира со помало внесување заситени масти и поголемо внесување незаситени масти, хранливи влакна, витамини и минерали. Билките имаат малку калории, па можете да ги јадете во поголеми количини, што значи дека во оваа диета нема чувство на глад, а поради здравиот избор на производи се слабее. Важен дел се речните и морските риби, кои зависно од видот, овозможуваат цело богатство протеини, витамини, минерали и масни кислини.

Покрај тоа, потребно е да јадете и доста локална, сезонска храна. Печурките, шумското овошје и месото од локални произведувачи имаат многу повеќе хранливи материи, додека месото има помалку нездрави маснотии. Дозволени се помали количини немасно месо, но за разлика од медитеранската диета, во нордиската се препорачува и месо од дивеч како што е месо од срна или вепар. Покрај дивечот се препорачува и колку е можно поголемо консумирање шумски плодови, вклучувајќи ги бобинките и печурките.

3-dali-ste-slushnale-za-nordiska-dieta-pravila-namirnici-i-soveti-za-edna-od-najdobrite-dieti-vo-svetot-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар