Дали сте роб на парите и како овие негативни мисли ве повредуваат?

Колку пати сте ги слушнале следниве изјави за парите?

  • Јас сум роб на парите.
  • Напорно работам, но никогаш немам доволно пари.

Дали сте роб на парите и како тоа ве повредува?

Овие изјави можеби звучат како вистина, но токму тие ве спречуваат да имате повеќе пари.

Кога се ставате во улога на слуга, вие си ја потиснувате целата ваша моќ. Ментално играте жртва. Верувате дека сте немоќни да направите што било за вашата финансиска состојба, па не ни сакате да се трудите. Но што ќе се случи кога вие сте господарот, а парите се вашиот слуга?

Парите се само идеја

Прво, важно е да знаете што всушност претставуваат парите. Пред парите, луѓето се разменувале. Ако сте ковач, ќе ги размените вашите творби за леб од локалниот пекар. Но ако немате производ што му е потребен на пекарот, нема да има размена. Па, парите се измислени за размената постојано да се одвива. Колку повеќе вредност имате да му понудите на светот, толку повеќе пари доаѓаат во вашиот живот. Значи парите се само показател за успех.

Целта на парите

Парите имаат неколку намени:

  • Ви овозможуваат удобен живот
  • Го зголемуваат доброто што можете да го направите во светот.
  • Го забрзуваат времето што можете да го вложите.

Колку повеќе пари имате, толку поудобно можете да живеете. Секој што ја почувствувал сиромаштијата знае колку е лошо кога не можете да си дозволите ни посета на заболекар кога ве боли забот. Штом ќе стигнете некоја вредност на вашиот приход, парите повеќе не ви носат среќа. Наместо тоа, многу луѓе почнуваат да бараат промена која можат да ја направат во светот.

Парите се засилувач

Парите го засилуваат доброто што можете да го направите во светот. На пример, можеби вашата желба е да им помогнете на другите да ја развијат својата свест. Но тие можеби живеат на место каде што немаат ни чиста вода за пиење. Во тој случај, парите ви помагаат да им помогнете на овие луѓе да ја стигнат својата цел. На крајот, кога ќе ги имаат основните работи за живот, може да почнат да работат на себе преку образование, со цел да создадат подобар живот за себе, па и во нивната држава.

Парите ќе ви помогнат да доведете чиста вода за пиење многу побрзо отколку вие да одите и сами да правите водовод. Парите ќе направат таа добрина да се оствари побрзо.

Клучно за слободата е свеста

Како и секоја мисла која поминува низ нашиот ум, свеста е клучна. Штом ќе станете свесни за вашите деструктивни мисли во врска со парите, ќе можете да ги промените тие верување. Сепак, мислите водат до емоции. Емоциите создаваат систем на верување. А системот на верување нè тера да преземеме нешто. Кога ќе преземеме нешто, ќе добиеме и резултат. Ако сакате да знаете што размислува некој, погледнете го неговиот резултат. Промената на вашата врска со парите вклучува зголемување на свеста за вашето верување за нив.

Промена на вашата и динамиката на парите

Веројатно сте се соочиле со рој негативни мисли од овој стил: Ако ја изгубам работата нема да можам да си ги платам сметките. Ако не можам да ги платам сметките, нема да имам каде да живеам. Ако немам пари нема да можам да платам за автомобилот и за лекување. Нема да можам да платам за образованието на моето дете.

Овие мисли продолжуваат да се нижат, а нивото на стресот кој го чувствувате станува сè поголем. Зголемената свесност значи да престанете со овие негативни мисли пред да излезат од контрола. Штом ќе ги прекинете, ќе можете да тргнете во нова насока. Ова често вклучува создавање нови мисли за парите како:

  • Како можам да ги намалам трошоците и да заработам повеќе?
  • Како да ги инвестирам моите пари за да заработам повеќе?
  • Како да заработам повеќе за да инвестирам во движењата за кои се грижам?

Парите се енергија. Тие ги претставуваат нашите мисли и чувства, како и нашата вредност. Првиот чекор кон промена на улогата од роб во господар е да верувате во тоа. Тогаш ќе се промени целата динамика и ќе почнете да привлекувате пари во вашиот живот.

Погледнете ги и овие одлични совети од луѓето кои знаат да заштедат пари.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар