Дали сте подготвени да го прифатите новиот тренд за шминкање на веѓите во металик бои?

Дали сте подготвени да го прифатите новиот тренд за шминкање на веѓите во металик бои?

Иновациите во шминкањето ни носат драстични промени, но најчесто тоа се одредени детали како моментално актуелни бои, облик на исцртување или нијанси на сенчење. Акцентот на веѓите е еден од трендовите кој е многу прифатен и се подразбира дека секоја девојка има одреден облик на веѓи, кои се дискретно пополнети, средени и негувани. Меѓутоа, пристигнаа нови трендови кои се добро прифатени од страна на професионалните шминкери, но и од најажурните девојки. Во прашање се металик веѓите!

0-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

1. Веѓите како накит

Не може да има нешто повпечатливо од ова, се согласувате? Заборавете на обетките и ланчињата, односно обидете се вашите веѓи да станат адекватна замена. Полн погодок е златната или сребрената боја. Ова е дефинитивно нешто што никогаш не сте го носеле досега. Осудете се да го прифатите овој мејкап предизвик, како што тоа секогаш го прават светските ѕвезди и стани пример за другите – така бидете истакнати во своето опкружување.

1-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

2. Умерено применет тренд

Доколку не сакате премногу нападни нијанси и со задоволство избирате природен изглед, тоа не значи дека овој тренд не е за вас. Погледнете како може да изгледа убаво доколку додадете минимална доза на сјај на веќе средените веѓи. Доволно е да се забележи разликата, бидејќи сте додале нешто ново, но сте го избегнале она што не е по ваш вкус.

2-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

3. Ледена кралица

Комбинирајте ги веѓите, трепките и капаците со иста металик сина боја, а доколку имате сини очи, тогаш ова е совршен предлог за вас. Отстапете од секојдневните, веќе досадни бои. Сјаете на нов начин, заледете го вашиот поглед.

4-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

4. Применет тренд на поразличен начин

Не ви се допаѓа идејата да ги боите веѓите? Извлечете линија под или над веѓите со некој металик ајлајнер или моливче за очи и донесете го овој тренд во ваш стил. Едноставно, како на фотографијата или во комбинација со ајлајнер на капаците, зошто да не?

3-dali-ste-podgotveni-da-go-prifatite-noviot-trend-za-shminkanje-na-vegjite-vo-metalik-boi-www.kafepauza.mk_

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар