Дали сте дел од просечна врска која стои на патот до вашата вистинска љубов?

Дали сте дел од просечна врска која стои на патот до вашата вистинска љубов?

Сте биле ли некогаш во врска со одредена личност која сте знаеле дека не е за вас, но со која сте сакале да го поминувате вашето време? Можеби ви било многу забавно, сте уживале во сексот или пак, едноставно ви се допаѓало неговото/нејзиното присуство. Можеби не сте ни биле долго време заедно, но сепак сте знаеле дека нешто недостасува. Токму тоа чувство ве спречува да се замислите во иднина со оваа личност, но сепак не сте подготвени да се откажете од таа врска.

Дали сте дел од просечна врска која стои на патот до вашата вистинска љубов?

Без разлика на причините, дали врската со погрешната личност може да ја спречи вистинската личност да влезе во вашиот живот? Поставете си ги наредниве прашања доколку сакате да откриете дали навистина сте дел од врска која не ви одговара целосно, а со тоа и се криете од онаа која би можела да биде совршена за вас…

1. Дали растам?

Дали вашата моментална ситуација го проширува вашиот свет? Дали ве учи како подобро да се изразувате себеси, ви помага да ја смените перспективата или да сте отворени за новите можности кои ви се на располагање?

Ако можете да почувствувате како растете како личност, тогаш оваа врска можеби е совршена за вас. Но, доколку чувствувате дека стагнирате или дури назадувате, тогаш партнерот можеби не влијае најдобро врз вас.

2. Дали сум отворен/а и искрен/а?

Дали можете да ги споделите сите ваши чувства со вашиот партнер, дури и оние кои не ви се пријатни? Дали тој/таа има целосен пристап до вашите чувства во врската? Ова може да биде многу тешко на почетокот, но откако ќе успеете да започнете да разговарате на оваа тема ќе сфатите дека и вашиот партнер подеднакво се чувствува.

Искреноста во комуникацијата овозможува вистинската личност да влезе во вашиот живот бидејќи со тоа давате знак дека нема да прифатите што било и дека го барате само она што навистина го заслужувате. Кога се живее со вистината за она што се случува во нас, ние секогаш сме отворени за новите можности кои ни налетуваат на патот.

3. Ако вистинската личност во овој момент тропне на мојата врата, што би направил/а?

Би биле ли подготвени доколку „вистинскиот“ или „вистинската“ влезе во вашиот живот во овој момент? Дали би се чувствувале возбудени или ќе почнете да се сомневате? Често вистинската личност не се појавува тогаш кога ние мислиме дека сакаме, туку тогаш кога навистина ќе бидеме подготвени за неа.

Кога ќе се чувствувате подготвени и кога едвај ќе чекате оваа личност да биде дел од вашиот живот, сите патишта ќе почнат да ве водат натаму. Накратко, вие нема да имате проблем со тоа да бидете искрени за вашите чувства доколку навистина сте отворени кон љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар