Дали себичноста ја уништува вашата љубовната врска?

Дали себичноста ја уништува вашата љубовната врска?

Вашите потреби се секогаш пред потребите на партнерот, не поднесувате критика и сакате да го промените, но не и себе – ова се само неколку знаци на себичност кои полека ја уништуваат вашата љубовна врска.

dali-sebichnosta-ja-unishtuva-vashata-ljubovnata-vrska-kafepauza.mk

Ви издвојуваме 6 знаци на себичност кои се препрека во врската со партнерот.

1. Никогаш не попуштате во расправија

Малата себичност не штети, но претерувањето може да ја уништи и најцврстата врска. Еден знаците дека мислите само на себе е тоа што никогаш не попуштате после расправија. Секогаш сте во право и очекувате од партнерот да ја проголта гордоста и да признае дека погрешил иако тоа не е така. Ваквите постапки ја нарушуваат самодовербата на партнерот и му даваат до знаење дека не го цените доволно за да ги признаете своите грешки. Да сте во право ви е поважно од сè.

2. Не поднесувате критика

Секој обид од партнерот да ја подобри врската, вие го сфаќате како критика и мислите дека тој намерно ве вознемирува. Сето тоа ви изгледа како напад на вашиот карактерот и на вашето его, наместо како добронамерен коментар. Тука излегува себичноста на површина која не ви дозволува некој да ви приговори дека не правите нешто како што треба.

3. Сакате да го промените партнерот, но не и себе

Немате исти критериуми кон себе и кон љубовниот партнер. Постојано настојувате да го промените и му наоѓате недостатоци иако и самите ги имате. Така на пример, му кажувате дека треба да ослабе и да се грижи за своето тело, а вие самите тоа не го правите.

4. Неговите потреби се секогаш зад вашите

Партнерот сака да излезете, но вие се чувствувате уморни за излегување. Партнерот едвај чека натпревар на телевизија, но на распоредот е вашата омилена серија и така до недоглед. Ваквите ситуации во врската покажуваат дека секогаш го правите тоа што вие го сакате. Неговите потреби се зад вашите, а место за компромис нема.

5. Никогаш не се извинувате

Извини – овој збор не постои во вашиот речник. Никогаш не се извинувате иако знаете дека партнерот е во право. Егото не ви дозволува да кажете „извини“ дури и да е крај на врската, затоа што знаете или барем се надевате дека партнерот сепак ќе ви попушти како и секогаш.

6. Со емоционални уцени го добивате тоа што го сакате

Иако знаете дека комуникацијата го зајакнува секој однос, во добивањето на тоа што го сакате, вие не одбирате со какви средства ќе се служите. Користите емоционални уцени, неразоговарање или избегнување секс со цел да ги задоволите своите потреби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар