Дали се сеќавате на бозата? Оригинален рецепт за супер здравата напивка од нашето детство!

Се сеќавате на бозата? Оригинален рецепт за супер здравата напивка од нашето детство!

Бозата е ориентална напивка, стара повеќе од илјада години. Некогаш во секоја слаткарница можевме да се освежиме со боза, но во овие модерни времиња ова стана реткост. Бозата многумина ја пиеле во своето детство, гасејќи ја жедта во текот на летните горештини. За разлика од нездравите, газирани пијалаци, преполни со шеќери кои денешните деца ги пијат во огромна количина, бозата е природна, здрава и освежителна напивка преполна со витамини. Содржи голема количина на витамин Б (Б1, Б2, Б3, Б6 и Б12), витамини А и Е, како и железо, а оценета е како напивка која го полни организмот со сила. Бозата содржи голем број корисни бактерии, па затоа особено е добра за спортисти, трудници…

Рецептот за бозата е едноставен и секако, без проблеми, можете да ја приготвите дома.

Состојки:
  • 5 литри вода
  • 1 килограм шеќер
  • 600 грама не сеено пченкарно брашно
  • 30 грама квасец
Подготовка:

Прелијте го пченкарното брашно со топла вода и оставете го да отстои еден ден. Утредента варете го околу два часа со повремено мешање. Откако ќе се излади додајте го квасецот, така што претходно ќе го разматете во малку вода и ќе го оставите да нарасне. Измешајте и оставете да отстои цела ноќ.

Утредента процедете и додајте го шеќерот. Мешајте добро, сè додека не се стопи шеќерот.

3-dali-se-sekjavate-na-bozata-originalen-recept-za-super-zdravata-napivka-od-nasheto-detstvo-www.kafepauza.mk_

Поради релативно големата количина квасец, бозата не може долго време да го задржи својот сладок вкус, бидејќи доаѓа до варење и претворање на мешавината на квасец и шеќер во алкохол, после кое го губи својот вкус. Затоа задолжително треба да ја чувате во фрижидер, но и да подготвите количина која можете да ја потрошите во релативно кратко време.

Бозата се пие добро разладена, но без мраз, додека во Турција, од каде што потекнува, сакаат да ја послужуваат со цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар