Дали правилно дишете?

Повеќето луѓе мислат дека дишат правилно, бидејќи дишењето е природна, автоматска функција, која ја извршуваме цел живот и за која баш и не размислуваме. Всушност, луѓето повеќе се грижат за тоа како изгледаат, отколку како дишат. Но, кислородот е она што нè одржува во живот, а повеќето од нас прават многу куси вдишувања и издишувања, кои произлегуваат само од градите. Дали правилно дишете?Клучот за правилно дишење, се состои во вклучување на дијафрагмата во процесот, која ги турка белите дробови, помагајќи им целосно да се рашират. Белите дробови можат да инхалираат околу 6 литри воздух за 1 минута, но доколку не го користите целиот нивен капацитет, не ги користите ни приближно колку што треба.

Следете ги следните 3 едноставни чекори, со кои ќе научите како длабоко да дишете:

Чекор 1: Легнете на подот на грб. Ставете ја едната рака на папокот, а другата на градите.

Чекор 2: Полека вдишувајте воздух, додека убаво не ги наполните белите дробови. Притоа бројте 5 секунди во вашата глава, 1… 2… 3… 4… 5. Стомакот треба да ви расте додека го правите ова, а градите да ви се шират на двете страни.

Чекор 3: Кога ќе почувствувате дека белите дробови се целосно исполнети, полека издишувајте го воздухот, броејќи до 7. Кога стомакот ќе се спушти надоле и ќе се врати во првобитната положба, ќе знаете дека вашите бели дробови целосно се испразниле.

Повторувајте ја оваа постапка два пати дневно: Со 10 длабоки дишења наутро и уште 10 навечер, ќе да ја подобрите функцијата на белите дробови и крвните садови, ќе го исполните вашето тело со кислород, ќе ги исчистите токсините од вашето тело и ќе го намалите стресот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар